Почетна Вести Регион Од коронавирус почина јеромонах од Македонија
Од коронавирус почина јеромонах од Македонија

Од коронавирус почина јеромонах од Македонија

2.46K
0

Јеромонахот Прохор од Цетинскиот манастир, кој е во ингеренции на СПЦ, починал од комопликанции на Ковид 19, соопшти Црногорско—приморската митрополија. Во соопштението пишува дека отец Прохор Јосифов починал по кратко и тешко боледување предизвикано од инфекција на новиот Коронавирус.

Отец Прохор е по потекло од Македонија, а во Цетинскиот манастир бил замонашен на 29 октомври 2010 година.

Роден е 1977 година во Кочани, Република Македонија, крстен со името Душан. Богословија завршил во Скопје, каде и студирал на Богословскиот факултет. Како ѓакон бил ракоположен во Брегалничката Митрополија.

Последните години во Цетинскиот манастир ја извршувал должноста економ на манастирот, како и манастирски свештенослужител.

Бил погребан денеска.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *