Почетна Вести Од фан на Чолиќ, преку исповедник на Цеца, до владика на СПЦ?
Од фан на Чолиќ, преку исповедник на Цеца, до владика на СПЦ?

Од фан на Чолиќ, преку исповедник на Цеца, до владика на СПЦ?

941
0

stefan sarikСоборот на Српската православна црква веќе една недела заседава зад затворени врати без какви било официјални информации за какви било донесени одлуки. Иако минатата година за работата на Соборот беше практика, портпаролот Иринеј Буловиќ секој ден да соопштува што било разговарано, оваа година ситуацијата е сосема поинаква.

Во овој „мрак од официјални информации“ и српските медиуми секојдневно пишуваат непотврдени вести, повикувајќи се на свои извори.

Сепак заеднички за сите новинарски написи е дека Соборот на СПЦ и годинава се занимава со кадровски прашања на смени и назначувања на нови владици.

Во тој контекст е и последната информација што ја објавува српски „Курир“. Наводно духовниот отец и исповедник на фолк ѕвездата Цеца (Светлана Ражњатовиќ), Архимандритот Стефан Шариќ бил најсериозен кандидат за Владика на СПЦ во Канадската Еапрхија.

Во потенцијалниот избор за владика на оваа епархија има уште три имиња. Иако духовникот на Цеца не се споменуваше претходно во тој список, сепак според информациите на „Курир“ тој бил и личен избор на Патријархот Иринеј кој се очекува и да го предложи за Епископ Канадски.

Архимандритот Стефан пак изјавил дека не е запознат со намерата на Патријархот, но потенцира дека треба да се почека крајот на Соборот па потоа да се коментира.

Инаку Архимандритот Стефан Шариќ е лик од СПЦ кој изминативе години ги полнеше српските таблоиди. Во изјави за медиумите потенцираше дека освен што ја исповеда Цеца, големо влијание врз неговата одлука да се запише богословија имале и песните на Здравко Чолиќ.

Неговите настапи во медиумите пак честопати беа критикувани од Црквата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *