Почетна Коментар Обраќање до верниот македонски народ по повод признавањето на Македонската православна црква
Обраќање до верниот македонски народ по повод признавањето на Македонската православна црква

Обраќање до верниот македонски народ по повод признавањето на Македонската православна црква

882
13

Видување на состојбите поврзани со Македонската православна црква-Охридска архиепископија

Возљубени мои духовни чеда, будно ја следам состојбата со нашата Света Црква, сите случувања, натписи и коментари, па би сакал да дадам свое видување на состојбите, со кое се надевам дека ќе им помогнам на многумина.

Имено, во изминатите децении македонскиот народ созреа и почувствува потреба од формирање на своја Македонска православна црква, па, така, преку силната волја и труд на клирот и верниот народ беше возобновена древната и славна Охридска архиепископија, во лицето на нашата света Македонска православна црква.

Да беа Македонците нешто друго, ќе се приклонеа кон веќе постојните Српска или Бугарска црква, но тие не го сторија тоа, туку со големи заложби, со големи пречки и искушенија ја возобновија црквата и денес, благодарение на нив, ние имаме стабилна црква.

Патот на црковното растење и формирање не беше лесен, бидејќи српските владици сметаа дека загубиле своја територија, па нѐ прогласија за расколници и сиот свет ни сврте грб. Но интересен факт е токму тоа, дека во такви лоши услови, со минимална помош од другите помесни цркви, сепак, денес МПЦ духовно воскресна и сега е здрава и зрела црква, со свои просветни институции, со свои епархии, македонски архијереи и свештенство, безброј храмови и манастири, многу монашки братства и сестринства, како и многуброен верен народ, кој си ја сака својата црква и држава Р Македонија. Благодарни сме им на црквите што беа отворени кон нас и примаа наши студенти, а тоа се Руската, Романската, Бугарската, а во поново време и Грчката црква.
Долги години се водеа повеќе преговори со СПЦ, кои не дадоа никаков плод, бидејќи од нивна страна постојано беа измислувани нереални причини за блокирање на преговорите за наше сослужување и единственото нешто што го добивме од српска страна – тоа се кукавичините јајца што се испилија во нашата црква и направија и сѐ уште прават раздори, лажејќи ги луѓето што им веруваат, дека решението е во СПЦ. Неуспешните преговори во изминативе децении ни го покажаа спротивното и не смееме повеќе да си градиме илузии.

Црковното прашање излезе од рамките на црквата, па и нашите политичари се зафатија со решавање на црковниот спор, чиниш ги решиле сите проблеми во државата, па уште ова прашање им останало.

По нивна иницијатива беа испратени писма до Цариградската патријаршија, со молба токму цариградскиот патријарх да го реши овој „Гордиев јазол“. Иако до Светиот архијерејски синод немаат стигнато никакви писма, ниту известувања, ниту барања, сепак некои новинари и медиуми се дрзнаа, па почнаа да пишуваат разни претпоставки за можни решенија, па меѓу другото се спомнуваше и тоа дека МПЦ треба да се откаже од своите епархии во дијаспората и да ги предаде под јурисдикција на Цариград, како и тоа дека неколку наши манастири би требало да станат ставропигијални манастири, односно да преминат под директна управа на цариградскиот патријарх.

Во оваа пригода би сакал да истакнам дека македонскиот народ ниту во дијаспората ниту овде нема да дозволи туѓа јурисдикција во нашите цркви и манастири и дека доколку цената на нашата автокефалност е толку висока, тогаш подобро да си останеме како и досега, и онака без ничија помош и со толку пречки постигнавме многу во духовниот и материјален раст и напредок на нашата света Македонска православна црква. Нашата црква не е на продажба и нема да дозволиме некој да си игра со нас, да нѐ понижува, ниту да го граба она што ние и нашите претходници со пот и крв сме го создавале. Внатрешното единство и меѓусебна доверба се скапоцени нешта, да не дозволиме некој да нѐ разделува. Да го чуваме внатрешното единство како најголема светиња.

Им благодарам на сите што искрено ни помагале и поддржувале во сиот овој период, им благодарам и на подметнатите кукавичини јајца, бидејќи нѐ научија да бидеме попретпазливи и позрели, а најмногу му благодарам на нашиот верен македонски народ што си ја сака својата Македонска православна црква и го повикувам уште повеќе да се вклучи во животот на црквата, да си ги сака својата вера и татковина и така да им пренесе и на идните поколенија Македонци. Само народот што ги љуби Бога и својата црква може да ја сака и гради нашата Македонија, и благословот божји ќе биде со него, а оние чии очи се вперени само во парите, моќта и сладострастието, од таквите бега божјиот благослов. Господ да нѐ чува од такви водачи! Амин!

Пишува: Митрополитот повардарски Агатангел, за „Нова Македонија“

Коментар(13)

  1. И сега шо праиме? … со сите што се истрчаа да си играат експерти и аналитичари ?! Некои во живот никогаш рака не бациле на служба на владика,а не пак со него да седнале да разговараат и тоа за ова горливо црковно прашање;
    А Марјан?!
    *
    Најголема одговорност имаш ти , бидејќи објавуваш се живо и диво!
    *
    Да се надеваме дека во иднина ќе бидеш селективен при објавувањето на текстови;
    Луѓето немат што да прават па ќе си пишат, и тоа не за било што туку за МПЦ -СПЦ!
    Ај ви се молам, кога ќе созрееме!?
    *
    Значи Марјан , не просветлени умови не можат јасно да ја видат сликата со состојбата на црквата, затоа размислувај кога објавуваш текстови!
    Одат на литургија 3 пати во годината и сакат после експерти и аналитичари да се прават.
    Е не оди тоа така !
    *
    Ај и овој пост објави ми го после една недела , кога веќе никој, или многу малку ќе го отвораат овој текст!

  2. Са овим што је изјавио Господин Агатангел повардарски јасно је да од аутокефалије неће бити ништа. Или ће, ипак, бити, а у том случају Господин Агатангел и владике које мисле као он, ће да буду епископи који ће да оду у нови раскол. Треба бити трезвен и схватити цариградска решења су погубна и воде у нове поделе! Док год не буде договора између МПЦ и СПЦ проблем неће бити решен.

    1. И шта че твоја СПЦ решити?
      МПЦ да биде под владение на СПЦ ,
      да и плаќа при тоа баслосовни суми за таа автономија?! И СПЦ да ни управува со епархиите!
      Тоа ли сакате, а “брачо”?

  3. Znaci Carigradskiot patrijarh ce ja priznae (ce izdade tomos i na Ohridska arhiepiskoija – MPC) pokraj vecem postoeckiot tomos na Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija. Togas se postavuva prasanje koja ce e zvanicna titulacija na pravoslavnata crkva vo Makedonija, ili pak edna ce e za Makeddonija, a druga za Severna Makedonija, ili pak ednata ce e na zadovolstvo na crkvata, Srpskata crkva a drugata na zadovolstvo na politicarite Zaev i Prdarovski.

  4. Ovoj vladika bi trebalo malku podobro da se zapoznae so materijata od Crkovno pravo od oblasta za avtokefalnost pa togas da se obraca do”verniot * narod

  5. Vladiko! ne se semkiraj so zaclenuvanje vo NATO i EU i priznavanjeto od Vartolomej ce si dojde kako novo utro

  6. Олимпијада хајде се прво мало информиши о дешавањима па онда почни да пишеш своје коментаре на интернету. Након информисања коментари ти неће бити тако јадни, можда ће постати смешни. Овај, нажалост није ни смешан, показује да ти је IQ двоцифрен :*

  7. Со овакви омаловажувања не постигнуваш ништо и падна на провокацијата која ти ја пуштив!( твојата реакција воопшто не ме изненади, deja vu, од странски падобранци на овој сајт).
    Кога луѓето немаат суштински одговор прибегнуваат кон лични навреди!
    Општо познато!
    Секако дека нема биде прифатен твојот вокабулар за понатамошно комуницирање бидејќи не ми личи , а за тебе ти си знаеш!
    ( Единствено што си во право е дека секој постапува согласно својот IQ).
    *
    By the way, која е причината и која е потребата некој да се занимава со туѓи проблеми !
    Искуствата покажуваат дека обично такво однесување имаат луѓе кои имаат силен сопствен интерес !

  8. Свако се нађе и свако се препозна. Очигледно иатсрина боли. Што се тиче о “општо познато” – види се да опет ништа не читиш. Ја бих се макар упознао са темом о којој покушавам да пишем. Општепозната ствар је (то се зна и без читања и учења) да је Црква једна (код вас неки говоре чак и Једна Света Македонска) и да у Цркви нема мојих или твојих проблема. Зато твоје “пишување” које се пита “која е причината и која е потребата некој да се занимава со туѓи проблеми” показује да да је IQ можда ипак једноцифрен. То још додатно потврђују твоја “Искуствата” која “покажуваат дека обично такво однесување имаат луѓе кои имаат силен сопствен интерес”.
    Пошто тврдиш да “нема биде прифатен” мој “вокабулар за понатамошно комуницирање” желим ти све најбоље са надом да ћеш се потрудити и схватити да оно што “пишуваш” нема везе са Црквом, јер очиглено немаш искуство Цркве, а о општем образовању, уз изузетак “by the way”, тешко је зборити без закључка о постојању општег необразовања. :*

  9. Повеќе од очигледно е дека дебело те допре епитетот “брачо”!
    Инаку немаше да бидеш толку жесток;
    Што ти смета што те нареков брат?
    Ако во првиот пост не бев во право имаше можност, штом толку се разбираш од Црква, со многу љубов и снисхидење ќе се обидеше да просветлиш една наука личност со низок IQ.

    И уште еднаш by the way , да се биде христијанин значи да се љуби .
    Ако љубов немаш ништо не си!

    Никаде во Новиот Завет не е напишано дека христијанинот треба да има висок IQ, туку љубов, нели отец Давид?

    Така ти беше името?
    Многу симптоматично е зошто се фати баш за IQ?😂

    Прости ми ако те налутив толку!
    Најмногу боли од своите нели?

    By the way, добро се служиш со српскиот;
    Нормално , ко имаш троцифрен IQ.

  10. И четирицифрен IQ да има некој, ако љубов нема , НИШТО НЕ Е!
    🙇‍♀️

  11. Sva sreca sto grozjeto ova godina dobro rodi i ce ima dovolno vino i rakija da gi proslavime dostojno trite istoriski nastani od goljamo znacenie na Makedonskta istorija, a tova se osnovanje na Zaednickta Blgarsko – Severno makedonskata komisija za revidiranje na kistorijata na Severnamakedonija so priznavanjetona avtokefalnosta na SMPC, clenstvo vo NATO i EU i ramnopravnosta na Arnautskiot ezik. Tova seto treba da se proslavi si ubava kavadarecka rakija i kavadareckoto vino

  12. Ѓорѓи, а тава , ракијата и винто кавадаречки, помагаат ли за зголемување на IQ?
    Мислам ако ти е IQ на пример едноцифрен може ли да ти го направат троа повисок, двоцифрен , за почеток?

    Иначе, да ти кажам право, ти не си од Кавадарци , ти изгледа си “ шверцер” на вино и ракија од Кавадарци,наместо “ќе”
    ќе напишеше “че”😂.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *