Почетна Вести Обнова на црквата „Св. Горѓи Победоносец“ во Нагоричане
Обнова на црквата „Св. Горѓи Победоносец“ во Нагоричане

Обнова на црквата „Св. Горѓи Победоносец“ во Нагоричане

339
1

Со поддршка на Министерството за култура интензивно се работи на конзервација и реставрација на црквата Св. Горѓи Победоносец во кумановското село Младо Нагоричане, која е споменик на културата од 16 век.

freski22– Конзервацијата и реставрацијата на овој значаен споменик на културата од поствизантискиот период се одвива во повеќе фази, а стручните екипи на Националниот конзерваторски центар во моментов ги реализираат активностите за консолидацијата на архитектонско-конструктивниот склоп на црквата, изведба на дренажен систем и партерно уредување. Според усвоената динамика, се предвидува целосната реализација на проектот кој се однесува на архитектурата на црквата и нејзиното непосредно опкружување, да биде реализиран до крајот на годината. Потоа ќе бидат предложени мерки на заштита на фрескоживописот, се вели во дененото соопштение од Министерството за култура.

Претходно на овој сакрален објект било извршено зацврстување на конструктивниот систем, на покривот, а била извршена и санација на фасадите и потпорните ѕидови околу црквата.

Црквата Св. Горѓи Победоносец  е трокорабна базилика со развиен впишан крст во основата. Оваа монументалн а гробишна црква е изградена од разнобојни обработени камени блокови, фасадно декорирана со керамопластични елементи, како една од повеќето сакрални градби во кругот на голема монашка заедница.

/МИА

Коментар(1)

  1. Ostavete gi popravkite vo makedonija zemjata gori vo ogan,narodot nema leb da jade,deca ostanati bez roditeli bez pokriv nad glavata zemjata e trula zavladuva zarazi so tie pari kupete sredstva za dizenfekcijua,hrana i obleka doaga esen i zima na narodot mu treba ogrev na decata knigi za na skolo,dosta so gluposti na obnova,vo makedonija ima 1950 crkvi i manastiri pola ne se vo funkcija prazni manastiri na nekoj mu teknalo da se sega obnovuva crkva ne veruvam dekia Gospod toa go odobruva ili go bara od nas.
    “KOGA NEKOGO KE NARANIS I NAPOIS KAKO NA MENE DA SI PODAL” rekol Gospod
    vernik pravoslaven
    Gospod neka ve Blagoslovi

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *