Почетна Вести Oбид за труење на грузискиот патријарх Илија Втори
Oбид за труење на грузискиот патријарх Илија Втори

Oбид за труење на грузискиот патријарх Илија Втори

481
0

Телевизиската компанија „Рустави 2“, повикувајќи се на некои извори, соопшти за можноста од обид на труење на Католикос Патријархот на цела Грузија Илија Втори, кој се подготвува за операција во Германија. Обезбедувањето на Патријархот е засилено, раководителот на неговата безбедносна служба е повикан на испрашување, а раководителот на службата за управување со имотот на Патријаршијата е уапсен.

„Постои можност да имаме кривично дело обид за труење на Патријархот. Тоа е верзијата што се рашири, но сепак, нема официјална потврда на таа информација“, изјави новинарот од оваа телевизија во саботата навечер.

ГрузискиКако што соопштува телевизијата, во петокот на аеродромот во Тбилиси, бил задржан раководителот на службата за управување со имотот на Патријаршијата и директор на медицинскиот центар „Св. Јоаким и Ана“, Георгиј Мамаладзе, кој требало да патува кај Патријархот во Германија. Градскиот суд на Тбилиси ја потврди веста дека веќе е спроведено апсење на Мамаладзе.

Изворите на телевизискиот канал соопштиле дека после апсењето на свештеникот, раководителот на државната безбедност, Анзор Чубинидзе, се упатил во Берлин и побарал од раководителот на безбедносната служба на Патријархот Иосеба Оханашвили, да се врати во Грузија на барање на обвинителот, заради испрашување во врска со безбедноста на Патријархот.

По неколку часа испрашување Оханашвили се вратил во Германија. „Се наоѓам во Берлин и продолжувам да ги исполнувам своите обврски, не можам да одговорам на ништо друго“, изјавил тој во директното вклучување на телевизискиот канал. Новинарот на каналот стапил во контакт со архиепископот Јаков, кој исто така е во Берлин заедно со Патријархот и на барањето да даде изјава за гласините за обидот на труење на Патријархот, одговорил дека ќе даде објаснување после враќањето во Тбилиси.

„Кога ќе се вратам во Тбилиси сѐ ќе стане јасно. Можете да ми се јавите и сѐ ќе ви раскажам. Не би сакал да испадне дека оговарам, по враќањето сѐ ќе ви биде објаснето. Патријархот е добар и се чувствува добро“, изјави архиепископот.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *