Почетна Верски буквар Ново списание на Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ
Ново списание на Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ

Ново списание на Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ

138
0

Австралиско-сиднејскаат епархија на МПЦ-ОА, ја зајакнува издавачката дејност. Од печат излезе првиот број на периодиката „КИНОНИЈА“ – посветен на јубилејот „50 години возобновена автокефалност на Охридската архиепископија како Македонска православна црква

-Од големината на годинешниот јубилејот се роди и полезната идеја да се создаде едно вакво полезно дело – ова значајно списание, кое го носи името Кинонија – што во превод значи Заедница. Овој прв број на списанието е посветен токму на големиот јубилеј – „50 години автокефална Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија“, кој се надевам дека ќе успее да нѐ обедини во една вистинска заедница. Списанието е со православна тематика, бидејќи нас ако нешто успеало да нѐ одржи како народ – единствено нѐ одржала верата! Верата наша и на нашите татковци – Светото Православие. Списанието изобилува со разни современи теми, кои е надевам дека ќе му бидат од полза на секој православен христијанин. Ќе излегува еднаш годишно како двоброј и истото ќе биде посветувано на некои значајни теми и јубилеи за нашата Помесна Православна Црква, вели Ананија Ананиевски – заменик претседател на Македонската православна младина на Австралија (MOYA) и член на Епархискиот црковно-просветен совет (ЕЦПС).

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *