Почетна Вести Ново одложување на судскиот процесот за ПОА
Ново одложување на судскиот процесот за ПОА

Ново одложување на судскиот процесот за ПОА

198
2

И вториот обид за почеток на повторениот судски процес против претставниците на ПОА беше одложен бидејќи во судот не се појавил сведокот, којшто на минатото рочиште, на предлог на Јавниот обвинител, беше одредено да биде повикан за да сведочи.

Приврзаниците на Вранишковски се сомневаат дека сведок на којшто судот ја темелеше минатата пресуда е лажен.

Судијата закажал ново рочиште за крајот на април оваа година. Претходното судско рочиште беше  во јули минатата година.

-Исто така, иако е наплатена казната и одземени се буквално сите средства од сметката на Здружението за заштита и унапредување на верските слободи „Анастасија“, така што сега сметката е целосно празна, сепак судијата одбива да ја деблокира, со што бесправно го спречува нормалното функционирање на сметката на „Анастасија“, која, пак, е единствената сметка преку којашто може да функционира Православната охридска архиепископија, стои во реакцијата на Јовановата ПОА.

Ослободувањето на Вранишковски беше условот кој што СПЦ го постави за почеток на преговорите во 2014 година. Речиси година и половина подоцна, Вранишковски е на слобода, а дијалогот МПЦ и СПЦ никако да почне.

Коментар(2)

  1. Одложено , не одложено, завршено , не завршено судењето на лажниот владика Вранишковски и на неговата група зеведени од антимакедонската пропаганда на верска основа, на кои им е основана и лажна црква со називи со иста номенклатура со Македонската православна црква , не ма никаква врска со црквеното устројство и со црквеното предание. За нив насроро и СПЦ нема да биде заинтересирана, оти просто речено , таа се има обмането од Вранишковски дека СПЦ ќе има поклоници и верници во Македонија. За чудо е тој како успеал да го излаже патријархот Павле, та да му поверува такво нешто , дека во Македонија само се чека да се појават српски попови и владици ,а македонските верници со извалкана метла веднаш има да ги избркаат досегашните свештеници и владики македонци кои се во раскол, или просто речено, не се по желба на српскиот патријарх , не се во единство со него. Чудно е како патријархот Павле во таквата лага можел да поверува и така наивно да постапи–да конституише оддел на СПЦ за Македонија. Од ова се види дека и тој, светител кој жив одел по земјата , бил опкружен со нечесни и лукави луѓе, или пак самиот како бил нечесен и злобен кон Македонија и Македонската црква-црквата на македоскиот верник. Тој и самиот бил изненаден на каков прием наишол неговит велепосланик,во својот роден крај. За чудо е и фактот дека, Павле мислел оти Велешката епархија на чие чело се наоѓал овој преварант и измамник , е негова лична сопственост , па тој одлучува на кого ќе му ја прикачи и под чија власт ќе ја стави-па оттаму го и повикал да му ја приклучи на него–на Српската црква. Леле која наивност така да постапи еден патријарх , без оглед на тоа да ли се работи за српски , бугарски или грчки.
    И сега какава год одлука да донесе Македонскиот суд,(против српски владика) ставот на српската црква кон МПЦ ќе биде неизменет и долго време удостоен со молчење, а СПЦ ке биде задоволна со тоа што црквениот циркус во Македонија ке трае во бескрај и таквата состојба само ќе и служи за понатамошно демонизирање на МПЦ, дека е таа и понатаму истрајна во опстојувањето во вештачки сторениот раскол. Само негативна одлука на судот е во интерес на Вранишковски и од полза за СПЦ . На Вранишковски повеке да не му се суди, тој ќе постане неинтересен за српската јавност и СПЦ и самиот ќе види дека нема повеќе зошто да постои тој во Македонија, оти СПЦ ќе престане бадијава да го финансира , како до сега. Во СПЦ мислат дека ако се тој пушти од затвор , веднаш ќе заживее српска црква во Македонија, и веднаш имотот на Македонските манастири и цркви ќе постане сопствеост на СПЦ .Убедени се дека комунистите повеке ги нема и црквата ќе си се врати во ,,крилото на мајката СПЦ,,Тоа се тие фикс идеи кои можат да постојат само во круговите кои се запоени со екстремниот национализам, на кој постанале жртва и овие наивни македонци кои вообразуваат и халуционираат дека се српски владики во Македонија и така стоички го поднесуваат судењето како христијански маченици.

  2. Леле каква штета. Па на овие луге никако судот да им дозволи на мир да си ја извршуваат онаа мисија за што се благословени од Српскиот патријарх- прерушени во српско-грчки калугери , да се занимаваат во Македонија со антимакедонска пропаганда на верска основа, со криминал и шверц .Уште би требало да се занимаваат со прибирање и угостување на грчките и српските владици прогнати за педофилија и хомосексуалност, оти тие се постијано во врска со нив , врањскиот Пахомие им е чест домакин , па трабало итие да оговорат , да го угостат, а не само да се по судови.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *