Почетна Вера Ново капитално дело од епархијата на владиката Наум
Ново капитално дело од епархијата на владиката Наум

Ново капитално дело од епархијата на владиката Наум

640
1

Во издание на Струмичката епархија и со благослов на митрополитот струмички Наум од печат излезе уште едно капитално дело, новиот том од едицијата ,, Житија на светиите“. Новото издание ги содржи житијата на светиите за месец август. Се работи за многу значајно дело со кое полека, ама сигурно се компетира целата едиција која ќе содржи 12 тома, по еден за секој месец. Од храмовите „Свети Григориј Палама“ и „Свети Димитриј Мироточив“ во чие што издание е едицијата велат дека истата е посебно значајна, бидејќи верниците ќе имаат можност житијата за светците да ги читаат на македонски јазик.

Житијата се своеводна енциклопедија на православието. Тие се мелем за секоја христијанска душа, за секоја душа која е гладна ќе го најде токму Бога во житијата на светиите, вели отец Боро Милчев.

За разлика од другите православни цркви кои оддамна ги имаат издадено житијата на светиите на нивните јазици, во Македонија тоа се случува за прв пат.

StrumicaОтец Боро Милчев кој веќе неколку години  работи на подготовката на едицијата  вели дека житијата покрај тоа што претставуваат своевидна православна енциклопедија, тие во суштина се применета догматика зашто во нив се сите свети вечни вистини доживеани догматски во сите свои живототворни и творечки сили.

За секој светител животот, делата, биографијата, чудата се сместени токму во житијата на светиите. Но и покрај животот, делата и чудата на светиите имаме и голема историја затоа што  историски се поврзани светителите со тие настани, вели отец Милчев.

Засега нема прецизен рок кога ќе бидат завршени останатите четири тома со кои ќе се комплетира целата едиција, но од храмот „Свети Григориј Палама“ и „Свети Димитриј Мироточив“ најавуваат дека на истите веќе се работи и за кратко време дел од нив ќе бидат пуштени на печатење. Инаку за помалку од еден месец ,,Житијата на светиите“ за месец август е второто капитално дело во издание на струмичката епархија. Од таму пред дваесетина дена од печат излезе семејниот православен молитвеник , прв од таков вид во Македонија.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *