Ново духовно –уметничко дело за страдањата Христови

Date:

Share post:

Со благослов и по иницијатива на Епископот Антаниски Партениј, реализирано е уште едно прекрасно дело во кое се преплетуваат духовноста, уметноста и молитвата. Во чест на денот на Страданијата и Распетието Господово – Светиот и Велики Петок – беше направена автентична музичка изведба на величествената црковна стихира: „Денес виси на дрво…“, која во себе ги содржи тишината, болката и спасителната длабочина на Христовото страдање.

Изведена е од членовите од квартетот „Св. Јован Кукузел“: Петар Христов, Лидија Христова, Ирена Здравкова, Александар Лозановски. Музичкиот аранжман и изведба се дело на маестро Петар Христов, додека вокалната интерпретација е на Ивона Јовановиќ.. Продукцијата му припаѓа на ТВ студиото „Канал5“.

Ова дело не е само музика – тоа е воспев на љубовта најсвета, тивка молитва и сведоштво за непоимливата Божја жртва. Тоа таинствено нè води во внатрешноста, во молитвено созерацание и во благодарност за Крстот, кој стана мост кон Воскресението, велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img