Почетна Вести Христијанство Новиот српски патријарх не ја менува политиката кон МПЦ
Новиот српски патријарх не ја менува политиката кон МПЦ

Новиот српски патријарх не ја менува политиката кон МПЦ

352
17

Марјан Ѓуровски, универзитетски професор и познавач на регионалните политиколошки состојби и црковно-верски прашања и односи, коментирајќи го последното интервју на новиот српски патријарх Порфириј, во изјава за Нова Македонија вели дека очигледно СПЦ продолжува со старата политика на негирање на нашата црква.

– Од своја страна, МПЦ-ОА останува на правецот што води кон Вселенската патријаршија и тоа е единствениот вистински и канонски правец. За жал, и новиот српски патријарх го негира историското и канонско право на Вселенската патријаршија за апелација, кон кое право прибегна МПЦ со синодска одлука. Оттука, јасен е заклучокот дека од патријархот Порфириј не треба да очекуваме нешто ново и позитивно за нас. Има шанса српскиот претседател Александар Вучик? да го искористи своето лидерство и да изврши влијание врз својот пријател, патријархот Порфириј, да се реши овој спор со признавање на автокефалноста на Македонската православна црква. На крајот, тука исклучиво е апелациско право на Вселенската патријаршија да нѐ прими во литургиско единство со другите православни цркви – објаснува Ѓуровски.

Се надева дека Вучик? ќе го затвори ова прашање преку неговото влијание во Српскиот црковен синод, бидејк?и нема други отворени прашања мег?у нашите два народа и држави.
– Инаку, со или без патријархот Порфириј и неговиот ментор Иринеј, ќе се реши спорот. МПЦ е факт и реалност. Жива црква. Или ќе си подадеме рака или под грижа ќе нѐ земе Вселенската патријаршија и на крајот низ еден процес ќе даде томос за признавање. Чекор по чекор. На повидок е радосната вест.

За поздравување се ангажманот и доставените писма од претседателот Пендаровски и премиерот Заев до вселенскиот патријарх. Искажаната подготвеност од претседателот Пендаровски и од државата и заложбата во Цариград се ветер во едрата да испловиме во морето мег?у другите православни цркви во светот. По евентуалното заедничко богослужење, никој не може да го врати времето и неоспорното право на вселенскиот патријарх Вартоломеј како најповикан да го реши македонското црковно прашање – заклучува Ѓуровски.

Вселенската патријаршија изминативе неколку месеци го стави на маса прашањето за МПЦ-ОА, но го чекаше изборот на новиот патријарх.

Коментар(17)

  1. Ne znam kako da se promeni taa politika kon MPC posle Niskoit dogovor, progon na vladikata Jovan Vraniskovski, priznavanjeto na Kosovo za posebna drzava od strana Makedonija, pitpisot vo UNESKO deka srpskite manastiri na Kosovo se siparsko kulturno nasledstvo, a pred se zagovaranjeto na teorijata deka Srbi bile okupatori na Makedonija, Bugari bile osloboditeli na Makedonija od Srbija..

  2. Dobrivoje … ако за тебе Јован е владика, знаеш каде да го бараш … за нас тој е Зоран Вранишковски … а бидејки ти не ја водиш Србија туку луѓе што размислуваат рационално и знаат зошто сето тоа е така а не како што набројуваш ти … седи и уживај …

  3. Georgi, mene ne mi e potreben nitu eden vladika i nema sto kogo kade da go baram. Jas ja samo iznesuvam vistinata, koja ocevidno e deka na tebe ne ti odgovara, a toa e tvoj problem, a bas luge koja ja vodat SPC vaka razmisluvaat po prasanjeto za MPC, spored toa ti sedi i uzivaj, a MPC ke dobie avtokefalnost, nikogas, a mozda i pokasno.

  4. Ovoj *univerzitetski profesor* Durovski samo naveduva deka SPC prodolzuva da ja negira nasata crkva, a nikako, *kako poznavac na prilikite,* da navede bar nekoja pricina za *negiranjeto*, kako na pr. nie negirame deka Kosovo e sostaven del na Srbija i priznavavme postoenje na siptarska drzava na Kosovo kako del od Srbija. Potpisavme vo UNESKO deka srpskite manastiri na Kosovo se siptarsko duhovno nasledstvo, eeej, zamisli Siptari gradele manastiri na Kosovo. Svo vreme velime deka Srbite bile okupatori na Makedonija, iako Srbite izgradile okolu 150 crkvi i manastiri i vo Vardarskiot del na Makedonija. I pak ocekuvama Srbi da priznat postojanje na AVTOKEFALNA MPC

  5. Dobrivoje, Dobrivoje … во 06:29 брат си станал тука да се резилиш … остави ги и Косово и Унеско и албанците … 1967 ништо од ова немаше … туку … ако не се изрезилиш сега, кога ке се изрезилиш …

  6. Iznesuvanje na vistina e rezilenje samo za onoj koj pati od kompleks na pravednost i onepravdanost, a voopsto ne saka da bide samokriticen, svoite potezi da gi proanalizira i da ja sogleda posledicata od niv.

  7. До мојот пријател ДОБРИВОЈЕ:
    Признацањето на МПЦ-ОА ќе си дојде само по себе “кога ќе се исполни времето..“ Признавањето не проблем на верата туку на политиката…. Религијата и политиката секогаш одат заедно. Така било од памтивек… Тој т.н. “нишки договор“ не беше договор во права смисла, со искрена намера, туку “византиска игра“ на претставниците во комисијата на СПЦ. Тоа е обичен лист хартија на кој беше напишан ДНЕВЕН РЕД. Тие ја искористија искреноста, па дури и наивноста на нашите претставници верувајќи дека пред себе гледаат и разговараат со монашки лица кои навидум се светци и кои, барем своите собраќа се искрени. Но, ете тоа не беше така. И тие веднаш разгласија по цел свет: НИЕ СЕ ДОГОВОРИВМЕ…. Што се договоривме… НИШТО. Веднаш потоа се појави вранишковски кој, без воља на народот, прогласи дека целата Повардарска епархија ја става по духовна јурисдикција на СПЦ… Тука јасно се гледа дека предходно било договорено целото сценарио…. ВРАНИШКОВСКИ Е ПРЕДАВНИК и таков ќе остане засекогаш…
    Ако СПЦ вели дека МПЦ-ОА е некакнонска Црква зошто ја призна хиротонијата на вранишковски!!!??? Зошто не го подложи на повторна хиротонија??? Значи некој очигледно ја замајува јавноста….
    МПЦ-ОА нема канонски пречки па ниту застранување околу учењето за верата Православна….. КАКО ШТО МИ РЕЧЕ ЕДЕН СРПСКИ ВЛАДИКА, сега покоен, СВЕ ЈЕ ТО ПОЛИТИКА… Во политиката секогаш победуваат интересите, а никако правдата и вистината…. Затоа го повикувам клирот на МПЦ-ОА да ги прекинат разговорите со СПЦ и да даваат никакво значење на било кои изјави или интервјуа од страна на СПЦ… Браќа: работете околу ширењето на Словото Божјо, оти жетвата е преголема и во МКД….. И, на крајот, што ќе ни е призавање ако го губиме народот!? Веронаука во училиштата веднаш да се воведе, а дури потоа Пендаровски и Заев да пишуваат писма за признавање…. Во минатото царевите барале признавање, но секоја недела и празник биле в црква на богослужба…. Како тие можат да бараат признавање кога ниту знаат што е тоа Црква….
    За сега толку…
    Поздрав

  8. Во поголемиот дел од православниот свет националните цркви се ЧУВАРИ НА НАЦИЈАТА. Затоа имаме ГПЦ, СПЦ,РПЦ и сл. и сега, како можат пендаровски и заев да бараат признавање на МПЦ кога тие повеќе од три години се плашат да го употребат името МАКЕДОНЕЦ, или придавката МАКЕДОНСКИ…. па дури и јазикот не смееме да го нарекуваме македонски многу други нешта…. Па што мислат тие, дека Вартоломеј и неговите соработници не го гледаат тоа.??? Уште пострашно и пожалосно е што некои од високиот клир на МПЦ ги туркаат во такви набулози… и да се бламираат пред светот. Ако им е до верата, нека воведат веронаука. Токму таа партија ја укина веронауката во МКД…. Ние од нашите си патиме. Зато сите ти “стручњаци“ по религиозни прашања нека се свртат околу себе, па дури потоа да се јавуваат во јавноста….
    За сега толку
    Поздрав

  9. Deorgi, ama na tebe najvece ti odgovara da te lazam kako sto te laze lazniot vladika dedoto Petar koj se sudi so Bogompoverenoto mu stado na koe Bogompoveren pasti. Ete, mana mi e, ne sakam da lazam, nikogo pa ni tebe da te lazam da bi me tapsal po ramena.

  10. Eee profesore Djurovski, ne znam po sto si profesor, ali znaj deka – “pravecot” sto go odredila MPC kon Fanarot za priznavanje na avtokefalnosta e pravecot na mlatenje na prazna slama isto kako sto i pravecot kon Moskva i Sofija po tao prasanje. Potseti se samo deka vecem 100 godini politikata na Grcite kon Makedoncite vo Egejskiot del na Makedonija e pod blagoslov od Fanarot i negoviot prvonacalnik narecen vselenski patrijarh.

  11. KON DOBRIVOJE, SVETISLAV I GJUROVSKI: Мислам дека премногу се нагласува како ќе постапи новоизбраниот патријарх Порфириј, особено по неговото прво интервју. Пред се’ изјавата на Митрополитот Петар беше избрзана дека од новоизбраниот патријарх очекуваме работите да се сменат во наша полза иако и самиот знае дека тоа не оди така лесно. Затоа велам дека такви изјави се непотребни. Треба да се каже дека македонската јавност не треба да очекува преку ноќ да се сменат работите. Прашањето околу признавање/непризнавање на МПЦ-ОА не е црковно, туку политичко прашање. Религијата и политиката од памтивек одат заедно. Така било и во времето на Христа, па затоа бил распнат од тогашните фарисеи, садукеи, книжници и др. Јас силно веруам дека признавањето ќе дојде но кога ќе се ИСПОЛНИ ВРЕМЕТО. Тоа време не е сеуште дојдено. Најпрво, ние треба силно да работиме самите со себе, внатре во Црквата. Како пример ќе ја наведам Руската задгранична црква… До 15-тина години таа не беше призната од Москва но беше НАЈСИЛНА Црква. Никој не ја одбегнуваше и сите сакаа да бидат во нејзина близина… И, на крајот, се случи Москва да побара помирување… Во однос на богослужбите е неприкосновена, во учењето непопустлива, во градбата на цркви и манастири недостижна, фантастично фрескосликарство и издавачка дејност, а и со кадар секогаш била презаситена, високиот клир и свештенството целосно оддани во службата, но и патриотизмот на највисоко ниво….. Затоа лично сметам дека нашата Црква треба да се посвети самата на себе и да не бидеме преоптоварени со тоа дали некои ќе не признае или не… Ние да си ја вршиме нашата задача оти ЖЕТВАТА Е МНОГУ ГОЛЕМА.
    Не е умесно претседателот Пендаровски и премиерот Заев да бараат признание на Црквата кога тие никогаш не присуствувале на некоја богослужба. Меќу редови тоа го нагласува и Порфириј во ТВ интервју. Понатаму, токму нивната партија ја укина веронауката што беше воведена во училиштата со образложение дека НИЕ СМЕ СЕКУЛАРНА ДРЖАВА и измислија нов предмет ЕТИКА НА РЕЛИГИИТЕ. И, што е најтрагично тој предмет не го предаваат образовани теолози, туку приучени (курсисти) повеќе од нив социолози…. Е па ќе ве молам, од една страна бараш признавање на црква, а си против црквата и не и заваш таа слободно да си ја врши работата во “твојата“ држава. Зарем тие мислат дека светот и Ватроломеј тоа не го гледаат!? Цел свет го гледа.
    Како одат работите опстанокот на МАКЕДОНИЈА како држава е доведен во прашање. Во која држава треба Вартоломеј да признае Црква???
    Во повеќето Православни земји Црквата е чувар на нацијата. Затоа имаме ГПЦ, СПЦ, РПЦ и многу други. Ништо поинаку не е и во Римокатоличкиот свет само што тоа во некои земји не е така изразено…
    Мое мислење е дека треба да се престане со секакви преговори околу признавањето на МПЦ и да почнеме дома да работиме.
    Најпосле околу т.н. нишки договор. Порфириј нагласува дека врз основа на тој договор тие го поставиле архиепископот Јован во МКД. Проштевај Ваша светости, но тоа не е никаков договор. За што се договорија двете комисии??? ЗА НИШТО. Само направија дневен ред и толку. Тоа беше добро смислена Византиска игра. Комисијата на МПЦ сметаше дека ред себе има искрени соговорници, пред се“ калуѓери кои ја зборуваат вистината. Тие веднаш прогласија во светот: МИ СМО СЕ ДОГОВОРИЛИ!!! Тоа е несериозно.
    Ако е мПЦ-ОА неканонска Црква зошто СПЦ ја призна хиротонијата на вранишковски? Зошто истиот тој нивни поданик не беше подложен на повторна хиротонија? Според мене самото тоа е дефакто признавање на МПЦ-ОА и затоа да с епрекинат сите разговори.
    Не така одамна во разговор со еден српски архиереј токму на оваа теме тој ми рече следното: СВЕ ЈЕ ТО ПОЛИТИКА…

  12. Dobrivoje … уживај брат, успокој се … што се однесува на дедо Петар … една кривина од него ми е посвета од 100 правдини од таквите како тебе и од твоите ментори …

  13. Georgi, togas uzivaj vo krivudanje po negovite po negovite sveti krivini, a za mojata realnost ne mi treba mentori, unikten si vo odbir na svetovnosta na vladikata Petar , koj koga mrda so ustata ili jade ili nesto gi laze vernicite na MPC, a mu se potrebni takvite kako ti se da mu veruvaat.

  14. Georgi, tocno, ima koj ce sudi na lazgovci, ama toj ce sudi i na onie koi odat po patot na lazgovci i gi primaat nivnite pouki.

  15. Непризнавањето на МПЦ-ОА не е црковен проблем, туку политички. Убаво вели Добривооје дека во обзир ќе се зема признавањето на Косово, гласањето на Р. Македонија за прием на Косово во УНЕСКО во Интерпол и сл. А дали тоа има врска со верниот народ во РМ? Значи тој не наведува црковни пречки и отстапување во учењето за верата и црковните канони … туку политичките постапки на Владите на РМ ќе бидат проблем….
    МПЦ-ОА има свој кадар, просветни установи, има канонско преемство (канонското преемство ини го даде СПЦ), има свое Св. Миро, има благочестиви верници… и сл. Кога јас би се прашувал не би разговарал воопшто. Во 70-тите години од минатиот век во Чикаго издадена е книга од прота Жива Стефановиќ, проф. по црковно право под наслов “Српска Црква под комунизмом“ и во делот под наслов Македонски раскол тој јасно вели дека СПЦ со одлука на Соборот во 1958 година се откажала од епархиите во Република Македонија со право да с еорганизираат во посебна црква….
    “Нишкиот договор“ е проект на грчката црква и т.н. ПОА е експозитура на СПЦ во Македонија со цел да се рехабилитираат од таа одлука…. враниковски е само искористен како многу редавници предходно и после него…

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *