Почетна Вести Христијанство Новиот српски патријарх ги закопа надежите за автокефалност – Ниту помалку, ниту повеќе разбирање за МПЦ од моите претходници

Новиот српски патријарх ги закопа надежите за автокефалност – Ниту помалку, ниту повеќе разбирање за МПЦ од моите претходници

557
7

Кратко траеа надежите дека новиот Срспки патријарх Порфириј ќе ја промени политиката на СПЦ во однос на македонското црковно прашање. На првото негово подолго интервју за РТС во емисијата „Упитник“, Порфириј коментирајќи ја изјавата на Митрополитот Петар, во која тој вели дека се надева оти новиот Српски Патријарх ќе има разбирање за МПЦ, Порфирј ги урна сите надежи. Вели “Јас нема да има ниту помалку, ниту повеќе разбирање за МПЦ од своите претходници.“, вели Патријарх Порфориј во интервјуто на РТС.

Дециден е дека нема да има нови работи, но може да има нов начин, но цементирајќи ја позицијата на својот претходник, но и на својот духовен ментор, Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ дека за СПЦ црковното прашање во Македонија е затворено со Нишкиот договор и дека кој сака има каде литургиски да учествува, на тој начин праќајќи ги македонските православни верници во црквата на Врнишковски.

-Секој од нас остава некој свој посебен печат. Во овој момент нашата црква, по нишкиот договор најде решение со кое за Охридски Архиепископ го избра и постави Архиепископот Јован. Така што сите православни верници имаат можност за учество во литургискиот живот, но таа тема останува отворена и верувам дека нашиот Собор секогаш ќе биде подготвен да се дојде до решение кое е во рамки на каноните, без какви било политички притисоци и влијание какви што ги има од почетокот на расколот, па и денеска, вели Патријархот Порфириј во интервјуто.

Кога ќе се анализираат ставовите на Порфириј поврзани со македонското црковно прашање и улогата на Вселенската патријаршија, за која тој тврди дека го поткопува единството на Православието и отворено и дава поддршка на Руската црква во случајот со Украина, лесно може да се заклучи дека СПЦ и со новиот Патријарх нема ниту желба за решение на проблемот, туку напротив нејзин интерес е што подолго да го држи отворено прашање, надевајќи се притоа дека времето работи во интерес на СПЦ.

Тезата „Кога ќе се појават проблеми ние мора да разговараме, и тоа да го препуштиме не на нашето време, туку на Божјото време за да се воспостави поредок“ е црковна политика на одолговлекување на проблемот со надеж дека по долги години сегашната политичка реалност може да биде променета, или како што духовниот ментор на Порфириј, Иринеј Буловиќ еднаш пред неколку години во Москва рече „Никој не гарантира дека Украина по сто години ќе биде држава“, алудирајќи на тоа дека црковните границите се вечни наспроти државните граници кои се менливи.

Сепак, кај новиот Српски Патријарх се препознава стравот дека Вселенскиот Патријарх Вартоломеј ќе продолжи со процесот на решавање на црковното прашање во Македонија и затоа во ова интервју, тој ги дефинира неговите потези како „неканонски кои предизвикуваат потреси во Православието“.

На прашањето дали се плашите дека постапките на Вселенскиот патријарх ќе се повторат во Македонија, Порфириј вели:

-Не сум пророк, но некако искрено се надевам дека нема да се случат исти постапки како што видовме кога станува збор за Украина. Се надевам дека нема да дојде до тоа, затоа што тоа предизвика потреси во православието. И се надевам дека тоа ќе биде лекција која ќе ги отрезни сите. Секако кога ќе се појават проблеми ние мора да разговараме, и тоа да го препуштиме не на нашето време, туку на Божјото време за да се воспостави поредок. Ние сме автокефална црква и имаме свој поредок и секогаш сме на страната на каноните. Кога станува збор за случајот со Украина, ние сметатме дека постапката на Вселенската патријаршија не е во согласност на каноните и во тој случај како што велите сме на страната на Руската црква. Ние сме на страна на поредокот и на страна на каноните и тука Руската црква е обесправена, вели во интервјуото за РТС, Патријархот Порфириј.

Вселснаката Патријаршија изминативе неколку месеци го стави прашањето за МПЦ-ОА на маса, но го чекаше изборот на новиот патријарх. Сега веќе се е појасно.

Дејствај Свет Патријарху Вартоломеј… Дејствај….

Погледнете го одговорот од 37,50 минута

Коментар(7)

  1. Nekoj na Kale gi ‘ohrabri’ Vladicite na MPC deka preku Carigrad e posakaniot ‘status’ i tie uporno turkaat po toj pravec. A isototo toa Kale go ‘ohrabruva’ Marjan da pisuva propagada protiv Srbite i Rusite – demek – se razbira od crkvena istorija i teologija pa nametnuva statii ‘Noviot Srpski patrijah gi zakopa nadezite na MPC’ Kamoli de imashe nekoj da im objasni deka ‘kupenicite’ od Makedonija go turkaat narodnot Makedonski kon podelba i pakos? Kamoli da postoeshe Makedonec koj nema da se prodade za sitni pari i lazen svetski status? Kamoli da znaea deka sekoj od nas ke se snajde so Boziot Sud za lazenje na cel narod mislejki deka nekoj im dolzi ‘avtokefalnost’?

    Ostavivte predavnici i bez Boznici kako Zaev i Carovska da vi ja ‘sredat’ drzavata “Evropski” pa sega go lazete narodot deka preku satanata ke jas spasuvate chestta na Makedonija. Sram vi bilo! Sram! Bezbozhnici!

  2. Васељенска патријаршија је у октобру прошле године позвала МПЦ ОА на разговоре са СПЦ уз њихово посредовање. Зашто је МПЦ одбила разговоре?

  3. Ova ce ispadne deka Carigradskiot patrijarh ce podpadne pod vlijanie na Zaev i Pendarovski i ce se smiluva da da ja nagradi nivnata teoloska virtuoznost i ce dodeli avtocefalija na crkvata sto tie ja proteziraat (MPC)

  4. Blaze si i na MPC. Stom ce ja priznae Vartolomej za avtokefalna taa ce se zdobie so dva novi i toa zivi svetiteli. Zaev i Pendarovski vednas toa ce bidat – svetiteli na MPC, oti i izdejstvuvale avtokefalnos

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *