Почетна Вести Христијанство Новинари од Бугарија во посета на Бигорски и на Свети Наум
Новинари од Бугарија во посета на Бигорски и на Свети Наум

Новинари од Бугарија во посета на Бигорски и на Свети Наум

243
0

Новинарите од Бугарија и од Македонија, кои беа учесници на првиот Викенд на Дијалог –  новинари против предрасудите, посетија два од најзначајните манастити на Македонската православна црква.

Во саботата домаќин им беше Неговото високо преподобие, Архимандритот Нектариј – Игумен на манастирот Свети Наум во Охрид.

За време на кратката средба со отец Нектариј, новинарите се интересираа за функционирањето на манстирот. Дел од новинарите од Бугарија, кои претходно биле во овој Манастир, оценија дека целокупниот комплекс сега е преубаво уредено место за пречек на гости.

Во неделата пак, групата новинари беше во посета на Бигорскиот манастир, каде монасите им овозможија прошетка низ најзначајните објекти на манастирот. За време на неформалните дружења новинарите имаа прошетка и низ најзначајните цркви во Охрид.

Нивинарите од Бугарија и од Македонија, беа три дена во Охрид, каде разговараа за начинот на градење на меѓусебна доверба во бробата против говорот на омраза и лажните вести, со цел рушење на стереотипите и предрасудите горадени со децении меѓу двете држави.

На овој прв „Викенд на Дијалог“ заеднички заклучок на учесниците беше дека најважно е да се развие соработката меѓу новинарите од двете држави преку меѓусебна поддршка во функција на проверка на информациите. За таа цел учесниците меѓусебно се обврза за зачестена комуникација и соработка, од која треба да произлезе мрежа на професионални новинари кои ќе работат на намалување на негативните емоции и сузбивање на лажните вести. Како прв таков чекор беше формирана група за брза комуникација преку која новинарите од двете држави ќе можат меѓусебно да ги проверуваат информациите кои се објавуваат во двете држави, со цел да се спречи дезинформирање, како и изворите на информациите со цел да се спречи ширењето на лажните вести.

Новинарите учесници на овој „Викенд на Дијалог“ дефинираа и точки врз основа на кои наскоро ќе биде објавена и декларација, која ќе им биде предадена и на државните власти, со насоки како да се подобри меѓусебната доверба и зајакне процесот на градење пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

Викенд на дијалог – новинарите против предрасудите“ е во организација на Здружението за промоција на дијалогот, толеранцијата и човековите права „МЕДИУМ“ – Скопје, а финансиски поддржан до Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, преку Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *