Почетна Вести Европа Нови слики за срам во Света Софија: Чевли ,,заглавени” во ѕидовите на храмот
Нови слики за срам во Света Софија: Чевли ,,заглавени” во ѕидовите на храмот

Нови слики за срам во Света Софија: Чевли ,,заглавени” во ѕидовите на храмот

392
0

Продолжуваат потполно провокативните и понижувачки слики од Света Софија во Константинопол.

Уништувањето на Царската Порта во храмот од страна на турските медиуми беше карактеризирано како ,,случајност”, а истовремено предизвика реакции во Министерството за надворешни работи. Како што се гледа од сликите што беа прикачени на социјалните мрежи од страна на одговорниот на Општината на Константинопол за заштита на историското наследство на Градот, Махир Полат, просториите на храмот Турците ги имаат претворено во складишта за чевли!

Конкретно, на сликите коишто ги направил г. Полат се гледаат кондури заглавени во вдлабнатините на Света Софија, за кое самиот пишува гневно: ,,Состојбата има стасано до степен да се навредува светоста и историската вредност на Света Софија”.

,,Барам од надлежните институции да стават крај на срамот пред чувствата на милиони луѓе кои си ја имаат предадено својата душа на Света Софија. Зар не го забележуваат тоа 154те камери и 69те од полицајци за обезбедување и туризам?” – додава турскиот јавен службеник.

Пред неколку дена, во јавноста излегоа слики од штетите што го има претрпено историската Царска Порта на Света Софија, која има историја 1.400 години.

ИЗВОР

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *