Нови проблеми во Австралија – Црковен одбор и верници бараат да бидат префрлени од епархијата на Петар во епархијата на Тимотеј

Date:

Share post:

Црковниот одбор и верниците од црквата Свети Пророк Илија Силванија, Сиднеј Австралија, бараат од Синодот на МПЦ-ОА да донесе одлука да бидат префрлени од епархијата на владиката Петар (австралиско-новозеладнска) во епархијата на владиката Тимотеј (австралиско-сиднејска). Барањето до Архиепископот Стефан, Синодот и владиците Петар и Тимотеј го испратиле на 3 август оваа година, а причините ги лоцираат во притисоците што како црковен одбор ги имаат од надлежниот митрополит.

-Со длабока трпеливост ја очекуваме одлуката од Светиот Синод за префрлање на нашата Парохија Свети Пророк Илија Силванија, Австралија, заедно со нашиот парохиски свештеник, протоереј Димче Воиновски во Австралиската- Сиднејска Епархија. Со огромна болка, плач и почит апелираме лично до нашиот Архиепископ, Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан да ја стави ситуацијата на дневен ред на наредниот Синодски Состанок, и по Божја Волја и напор од сите нас, во најкраток период Свети Пророк Илија Силванија, Австралија заедно со Протоереј Димче Воиновски да бидат префрлени во Македонската Православна Црква Австралиско – Сиднејска Епархија. И по Божја Помош некој ден да не удостој во овај наш шести континент, сите да не Благослови со стален надлежен Владика каде ќе си живеј по меѓу нас. Овај краен чекор ќе биди огромен придонес за да се зајакни довербата во лидерството во Македонската Православна Црква и со Божја Помош да ни се вратат верниците што се префрлија во други помесни православни цркви, дури и тие што заминале во сектите, стои во писмото.

Верниците и црковниот одбор на оваа црква од Австралија стравуваат дека ако не бидат префрлени во другата епархија, ќе останат без својотн свештеник и без својата црква.

Проблемите настанале откако во јули Владиката Петар одлучил да го префли свештеникот од Црквата Света Тројца, заедно со верниците во цркавта Свети Пророк Илија, поради градежни активности во црквата Света Тројца. Но верниците и црковниот одбор на Свети Пророк Илија се сомневаат дека тоа е само прв чекор кон узурпирање на црквата и отсртанување на свештеникот и црквониот одбор, а во позадина станува збро за пари.

Имено, една година претходно Црковниот одбор на Света Тројца побарал позајмица од 70.000 долари од Црковниот одбор на Свети Пророк Илија, но иако постоело расположение, сепак верниците од Свети Пророк Илија го одбиле барањето за позајмица, по што следувала одлуката за префрлање на свештеникот и верниците од Света Тројца во Свети Пророк Илија.

-Од кога ви го испративме писмото (06/09/2023) нашето барање за да ни се врати записникот се исполни, и се повлече барањето за $70,000 од страна на нашата Епархија. Но, довербата во нашата Епархија не се подобри, имајќи во предвид сите случувања и зборовите од Владиката Петар кон нашиот свештеник пренесени до нас Кажи му на одборот, дека тебе ќе те тргнам, Црквата ќе е затворам и пак ќе ги земам парите. Ова одлука е гледаме како нов удар и можен обид со крајна цел да се тргни Отец Димче и да се иполнат предходните закани од Владиката Петар на друг начин. Мора да подсетиме дека пресни се раните на верниот народ кога на сличен начин се постави Отец Рубин Бојчески како собрат во Пресвета Богородица Пречиста Ливерпул и на крајот се тргна Отец Димче обвинет неправедно, со јавен извештај прочитан на повеќе пати од Отец Рубин под наредба од Епархијата за време на Литургијата, правејќи го како некојси неспособен во однос со изградбата на Црквата. Но со Божја помош покрај таја незгода и со големо разочарување од голем дел од верниот народ, се отворе друга врата и покрај сите тешкотии светна Свети Пророк Илија Силванија, стои во писмото до Синодот на МПЦ-ОА.

1 COMMENT

  1. Дали мислите дека Вселенската Патријаршија сака да си стави здрава нога во трн и дека сака да ги земе овие наши епархии во дијаспората полни со антички шупелки? Секој нормален со сила да му ги даваат македонските епархии во дијаспората ќе бега колку го држат нозете!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img