Почетна Анализа Нови предизвици за автокефалноста на МПЦ-ОА
Нови предизвици за автокефалноста на МПЦ-ОА

Нови предизвици за автокефалноста на МПЦ-ОА

765
0

Дали Руската православна црква (РПЦ) може да го премисли вселенскиот патријарх Вартоломеј да се откаже од намерата за решавање на македонското црковно прашање и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА? Оваа дилема се појави како сериозен предизвик откако Синодот на Руската црква почна да применува друга тактика за притисок кон православните цркви што ќе се одлучат да ја признаат автокефалноста на Православната црква во Украина.
Прва на удар е Грчката православна црква (ГПЦ), откако таа донесе одлука дека нема пречки за признавање на украинската црква и дека вселенскиот патријарх има канонско право да одлучува за такво нешто. Како одговор на ова, Руската црква одлучи да почне процес на внатрешна поделба во Грчката црква, па оние владици на ГПЦ што се против таквата одлука ги дефинира како „исповедници на православието“, а оние што застанаа зад одлуката на ГПЦ, меѓу нив и атинскиот архиепископ Јероним, ги дефинира како „отпадници“.
РПЦ се закани дека со „отпадниците“ ќе прекине сослужување, а со другите владици ќе продолжи да сослужува.

Во соопштението го објави што Руската црква се објаснува дека оваа одлука е донесена затоа што не сака да ги наруши односите меѓу православните браќа Грци и Словени, кои се изградени со многу крв на руските војници за ослободувањето на грчкиот народ.

Верските аналитичари веќе предупредуваат дека ваквата одлука на руските владици за прекин на сослужувањето со дел од грчките владици може да биде многу сериозен проблем, кој може да предизвика внатрешни потреси во грчката црква. Идејата е проблемот сега да се пренесе во дворовите на православните цркви и да се постигне ефект на заплашување кон другите православни цркви за да не помислат да застанат на страната на Вселенската патријаршија.

Тоа пак, според аналитичарите, може да има големо влијание врз понатамошните одлуки на Вартоломеј, вклучувајќи го и прашањето за МПЦ-ОА.

Аналитичарот Бранко Ѓоргевски оценува дека овој чекор на Руската црква е само обид со кој, според него, на може многу да се влијае врз состојбата. Тој смета дека ќе следуваат и други признавања на Украинската православна црква (УПЦ).

– Ваквата одлука на Руската православна црква личи на постапка со која се игра на две карти, на создавање внатрешен раскол во редовите на Грчката православна црква со конфронтирање на тамошните владици и на создавање фронт, односно на собирање на сите оние достоинственици од православните цркви што се противат на признавањето на новата Украинска православна црква. Тоа е максимумот што можеше да го направи црковна Москва. Тоа како да сведочи за состојба во која тие се подготвуваат и за признавање на УПЦ од страна на други православни цркви. Но мислам дека вакви потези на црковна Москва не можат многу да сменат, бидејќи бројот на грчките владици што го делат нивниот став не е голем – објаснува Ѓоргевски.

Инаку, засега нема официјална реакција на црковна Атина за овој потег на Руската црква, која со име ги наброи владиците со кои ќе продолжи да сослужува.
За потсетување, во изминатиов период Вселенската патријаршија и Руската патријаршија се во битка за превласт во православието.

/Радмила Заревска (Нова Македонија)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *