Американскиот Стејт Департмент најавил дека од земјите кои добиваат странска помош ќе биде побарано во годишните извештаи да вклучат податоци за широк спектар прекршувања на човековите права, меѓу кои и „осакатување на деца“, ограничувања на слободата на говор и форми на расна дискриминација.
Портпаролот Томи Пигот изјавил за The Daily Signal дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака експлицитно да ги класифицира намерното уништување на неродени бебиња, како и хируршките и фармаколошките интервенции врз малолетници со цел промена на пол, како прекршувања на човековите права.„Во последните години нови деструктивни идеологии создадоа покритие за тешки злоупотреби. Администрацијата на Трамп нема да дозволи практики како осакатување на деца, закони што ја ограничуваат слободата на говор или расно дискриминаторски политики при вработување да останат непрепознаени. Доста е“, рекол Пигот.
Под „расна дискриминација“, според објаснувањето, ќе спаѓаат и случаи кога кандидатите кои не се белци добиваат предност при вработување или пристап до програми — пракса што често се опишува како „позитивна дискриминација“.
Известувањето за човекови права е стандардна обврска за државите што примаат американска финансиска поддршка. Според The Daily Signal, Стејт департментот до Конгресот доставува извештаи за сите земји приматели, врз основа на законите за странска помош од 1961 и за трговија од 1974 година.
Меѓу новите категории што ќе треба да се документираат се: санкции поврзани со „говор на омраза“, политики што охрабруваат масовна миграција, притисоци за учество во евтаназија, нарушувања на верските слободи (вклучително и антисемитско насилство), како и поддршка за „насилни истражувања, присилно земање органи и генетско уредување на ембриони“.
Организации кои се спротивставуваат на медицински третмани за трансродни малолетници ја поздравилемерката, оценувајќи ја како „јасен морален стандард“. Според нив, ваквите политики одразуваат растечка загриженост дека медицинските и хируршките интервенции за променa на пол кај деца се штетни.
Администрацијата на Трамп најави и дека абортусот — вклучително и употребата на абортивни таблети — ќе биде третиран како прекршување на човековите права, што аналитичарите го толкуваат како сигнал за засилена заложба против абортусот.
