Почетна Вести Нови детали за средбата на Папата со Рускиот Патријарх
Нови детали за средбата на Папата со Рускиот Патријарх

Нови детали за средбата на Папата со Рускиот Патријарх

312
0

Најавената средба меѓу Рускиот патријарх Кирил и Папата Франциск, за 12 февруари во Куба е подготвена по строг протокол до најмалиот детаљ. Со оглед на тоа дека станува збор за историска средба во последните 1000 години, таа била договарана подолго време и било внимавано на сите процедури.

Ова е прв пат во историјата, по големиот раскол на христијанската црква во 1054 година, на иста маса да седне еден Папа и Поглаварот на Руската црква, или како што го нарекуваат “Патријархот на третиот Рим“.

Кирил, патријархот Московски и на цела Русија, во Хавана ќе пристигне на 11 февруари, во официјална посета на Јужна Америка. Неговата посета на 11-22-ти февруари, вклучува и посети на Куба, Бразил, Чиле и Парагвај.

Папата Френсик во тој период патува во официјална посета на Мексико, а на тој пат ќе слета на меѓународниот аеродром во Хавана следниот ден, на 12 февруари

Местото каде на 12 февруари ќе се случи историската средба на еден Папа со еден Патријарх на РПЦ
Местото каде на 12 февруари ќе се случи историската средба на еден Папа со еден Патријарх на РПЦ

На Аеродромот во Хавана двајцата поглавари ќе ги поздрави Кубанскиот претседател Раул Кастро.

Од таму, тие ќе се упатат кон претседателската соба на аеродромот, каде Френсик и Кирил ќе имаат долг приватен разговор и потоа ќе потпишаат заедничка декларација.

Ватиканскиот портпарол, Федерико Ломбарди изјавил дека кога папата Франциск ќе пристигне во Хавана, тој ќе биде пречекан со вообичаениот протокол. Меѓу присутните кои ќе го пречекаат, покрај кубанскиот претседател Раул Кастро, ќе бидат и кардиналот Курт Кох, претседател на Понтификалниот совет за унапредување на христијанското единство, како и претседателот на Кубанската бискупска конференција, Архиепископот Диониос Гарсија.

Средбата меѓу двајцата поглавари се очекува да трае “неколку часа”. Никој не може да ја предвиди должината на средбата, но предвидено време на располагање има неколку часа.  Протоколот потоа предвидува, Кирил и Франциск да се упатат кон посебна просторија за потпишување на заедничка декларација и размена на подароци.

На средбата ќе присуствуваат двајца преведувачи: еден на шпански и еден на руски. Декларацијата, сепак, ќе биде подготвена и потпишана на руски и на италијански јазик.

Откако заедничка декларација ќе биде потпишана и подароците разменети, Папата Франциск и Патријархот Кирил ќе дадат и кратки изјави.

Папата ќе зборува на Шпански, а Патријархот на Руски.

Според портпаролот на Ватикан, изјавите нема да бидат долги и сложени, туку повеќе како “спонтано изразување на своите чувства за оваа прекрасна прилика.”

Делегациите на  двете страни ќе бидат составени од околу 10-15 луѓе за секоја делегација. Главната цел на средбата е да се испрати порака против прогонот на Христијаните на Блискиот  Исток.

Ватикан тврди дека предвидената посета на Папата на Мексико нема да претрпи измени и ќе се реализира по предвидениот редослед.

Патријархот Кирил на тронот на Московската патријаршија дојде во 2009 година. Франциск пак во „Ватиканскиот дворец“ влезе во 2013 година. Римокатоличката црква е најголемата христијанска верска заедница со повеќе од една милијарда верници. Руската православна црква, пак е најголемата верска заедница во Православниот свет, со повеќе од 165 милиони верници.

Ватикан досега имаше чести контакти со Вселенскиот патријарх, Вартоломеј. Тие релации пак честопати беа предмет на критика од Руската православна црква, со забелешки дека Вселенскиот патријарх „премногу“ се залага за екуменизмот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *