Почетна Вести Новата Влада со силна поддршка за МПЦ
Новата Влада со силна поддршка за МПЦ

Новата Влада со силна поддршка за МПЦ

1.92K
1

Премиерот Зоран Заев и новата Влада ветиле целосна поддршка на Македонската православна црква-Охридска Архиепиекопија за сите отворени прашања што таа ги има со државата.

Ова е еден од заклучоците на денешната средба на која покрај премиерот Заев присуствувале и министрите за внатрешни работи, за образование и за култура, Оливер Спасовски, Рената Дескоска и Роберт Алаѓозовски, а како претставници на МПЦ-ОА и членови на Синодот на МПЦ-ОА, на чело со Архиепископот Стефан, биле и митрополитите на Дебарско-кичевската епархија, Струмичката епархија и епископот Хераклејски, г.Тимотеј, г.Наум и г.Климент.

– Преставниците на МПЦ се пожалиле на образовни проблеми, долгогодишна негрижа на црковното културно наследство, узурпација на црковно земјиште, за што досега немало политичка волја за решенија. Посочија дека Богословскиот факултет се соочува со финанскиски проблеми, што Црквата не може самостојно да ги покрие. Побараа факултетот од придружна членка на УКИМ да биде интегриран целосно во Универзитетот, исто како и средното Богословско училиште во образовниот систем, за да може учениците по завршувањето да имаат можност за избор, на кој факултет ќе се запишат, соопштуваат од владиниот кабинет.

Според соопштението од Владата, Владиците барале и соодветен статус и третман на предметот Етика на религиите во училиштата.

– Исто така потенцирани се бројни конкретни примери, каде што поради негрижа од државата, се оштетени вредни икони, како на пример во Музејот на Македонија, иако за тоа не биле потребни големи финансиски средства. Посочено е и на бројни оштетувања на црковни објекти како што е на манастирската црква Свети Пантелејмон во Нерези, каде што прокиснува кровот што ги загрозува иконите. Побарана е помош и за заштита на вредни икони кои се чуваат во несоодветни услови или во испразнети села, со можност за злоупотреби и кражби. На средбата се разговараше и за можноста за враќање на одземеното земјиште од Црквата, кај манастирот Свети Наум, се вели во соопштението.

Премиерот Заев и присутните министри најавиле целосна посветеност низ заеднички работни и консултациски тимови да се најдат соодветни решенија за сите прашања и проблеми.

Претставниците на МПЦ, пак, како што велат од владиниот кабинет, ја поздравиле отвореноста на премиерот Заев и на Владата за принципиелна соработка во интерес на граѓаните и на Република Македонија.

Коментар(1)

  1. Срам, голема дамка врз Македонската Православна Црква фрли дејствувањето на барем двајца нејзини Епископи во предизвикувањето политичка криза за велепредавничка агенда на туѓи интереси. Оваа фотографија ќе ви ја чуваме за денот кога ќе посакате да си ја измиете совеста, а ќе нема со што. Не е толку далеку тој ден како што сега ви се чини.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *