Почетна Вести Новата божиќна реклама на „Кока Кола“ предизвика бурни реакции
Новата божиќна реклама на „Кока Кола“ предизвика бурни реакции

Новата божиќна реклама на „Кока Кола“ предизвика бурни реакции

300
0

Многумина сметаат дека „божиќниот период“ почнува тогаш кога „Кока-Кола“ ќе почне да ја промовира својата реклама за божиќните и новогодишните празници, а тоа секоја година се случува се порано и порано.

coca-colaНовата реклама се појави вчера, а на Твитер луѓето веќе почнаа да објавуваат негативни коментари поради неа, тврдејќи дека им ја „нарушила божиќната атмосфера“.

Освен по црвениот камион, рекламата беше позната и по намигнувањето на Дедо Мраз на крајот. Но, Дедо Мраз пред неколку години одлучи дека нема да намигнува, што налути многу луѓе ширум целиот светот. Ниту оваа година состојбата не се промени.

„Не е исто ако Дедо Мраз не намигне“, „Ве молам направете Дедо Мраз да намигнува како порано“, „Зошто Дедо Мраз не му намигна на момчето“, ова се само некои од коментарите на Твитер.

„Кока-Кола“ се уште не се огласи за овој „проблем“.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *