Почетна Анализа НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД СИНАДИНОВСКИ – Бигорскиот манастир присвоен од православните Албанци!?
НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД СИНАДИНОВСКИ – Бигорскиот манастир присвоен од православните Албанци!?

НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД СИНАДИНОВСКИ – Бигорскиот манастир присвоен од православните Албанци!?

1.16K
2

Постои ли тенденција Бигорскиот манастир да се претстави како главно духовно светилиште на православните Албанци во Република Македонија, оваа дилема ја отвора дневниот весник „Дневник“ во денешниот број, потенцирајќи дека дилемата се појави по објавувањето на албанското издание на книгата „Православните Албанци во Република Македонија“ од авторот Бранислав Синадиновски. На насловната страница на книгата, која, според сознанијата, во најголема мера е превод на истоимената книга која пред две години на македонски јазик ја објавил Синадиновски, е ставена фотографијата од манастирот заради што во јавноста се појавија сомнежи за токму таквата заднина.

dnevnik 1Претходно, на насловната корица на македонското издание на книгата, на чија промоција пред две години и во присуство на раководството на ДУИ беше најавено и создавањето посебна црква на православните Албанци во земјата, имаше фотографија на млади девојки во народни носии. Сега главен мотив е токму Бигорскиот манастир, кој во првото издание речиси и да не бил спомнат.

Истовремено, фотографијата на главната кула на ова светилиште, која е обновена по големиот пожар што беше во 2009 година, е ставена на книгата без воопшто и да се побара согласност од манастирското братство или од надлежната епархија.

За разлика од првото, македонското, издание на книгата зад кое стои Бранислав Синадиновски, сега издавач на книгата е Државниот универзитет во Тетово, што значи дека објавувањето на делото е финансирано со државни пари.

Kако што е познато, во првото издание на книгата авторот, кој е специјален советник на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потенцира дека бројот на православните Албанци во нашата земја се движи меѓу 60.000 и 70.000 и дека тие се главно се концентрирани на подрачјето на Горна Река и во другите делови од западна Македонија. Тој напиша и дека ова заедница с повеќе ја истакнува потребата од изградба на своја православна црква. Формирањето посебна албанска православна црква во Македонија, Синадиновски го најави и во ноември 2014 година при промоцијата на делото. Минатата година надлежниот суд ја регистрира Верската заедница на православните Албанци во РМ, со што таа доби право да поседува и гради свои посебни верски објекти. Таа досега не презема конкретни чекори за изградба на некој свој верски храм.

Бесправното ставање на фотографијата на манастирот на книгата за православните Албанци во земјава вчера предизвика и реакција кај монашкото братство на Бигорскиот манастир. Незадоволството кај нив е зголемено и зпоради чувството дека тоа е направено со умисла с` со цел ова светилиште да се претстави како да е централно за православните Албанци.

– Така објавената фотографија од манастирот н` иритира бидејќи никој од нас не побара дозвола мотивот на манастирот да биде така употребен. Ова не е вообичаена употреба на наши познати светилишта бидејќи може да повлече друга конотација. Моравме да бидеме консултирани за тоа. Уште повеќе што зад изданието стои државната образовна институција, каква што е Државниот универзитет во Тетово. Вака како што е објавено и направено, авторот и оние што стојат зад него сакаат да го прикажат Бигорскиот манастир како албанско светилиште, а нема никакви историски факти за тоа – ни изјави вчера архимандритот Партениј, игумен на манастирот.

bigorski-manastirТој објаснува дека манастирот им служи на сите православни верници, без оглед на националност, но тој првенствено има словенско-македонски карактер.

– Оние што го граделе манастирот и кои го одржувале и унапредувале биле Славјани, Македонци.

Игуменот што ја изградил манастирската црква е Митрофан од Лазарополе, а игуменот Арсениј кој исто така направил многу за него е од Галичник… Најголемите ктитори и поддржувачи на манастирот биле од Галичник и Лазарополе, значи Македонци. Некоректно е да се прават такви фалсификати и да се претставува како светилиште на православните Албанци – потенцира игуменот.

Според него, нема никакви документи и факти дека бил албански или на православните Албанци од овој крај.

dnevnik 2– Никаде не сме нашле таков податок, а во фаза сме и на подготовка на голема монографија што треба да излезе за четири години кога ќе се одбележува 1.000-годишината од манастирот. Секогаш манастирот најмногу го градеа и унапредуваа православни Македонци. Дури и кога Вселенската патријаршија своевремено наложила да се користи грчкиот јазик во храмовите во Македонија, во Бигорски се служело на словенски јазик. Игуменот Арсениј ги пишувал своите писма на говорен македонски јазик од ова подрачје од тој период. Не е во ред манастирот да се става во таква конотација – вели архимандритот Партениј.

И Сашо Цветковски, научен соработник во МАНУ, ни изјави дека е недозволиво на насловна станица на некое дело да се стави фотографија на некоја институција доколку од нејзина страна се нема согласност.

– На начин како што направено во книгата се добива сосема друга конотација и сето тоа е тенденциозно за да се покаже поинаков карактер на светилиштето – потенцира Цветковски.

СИНАДИНОВСКИ: ПРВИН САКАМ ДА ГИ ВИДАМ ЗАБЕЛЕШКИТЕ

branislav sinadinovskiАвторот на делото, Бранислав Синадиновски, вчера не сакаше да ни даде свое видување и објаснување на причините зошто е ставена фотографијата на Бигорскиот манастир на делото посветено на православните Албанци. – Првин сакам да ги видам реакциите на тие што реагираат на мојата книга, а потоа ќе решам дали ќе зборувам за тоа – ни изјави кусо Синадиновски.

/ДНЕВНИК

Коментар(2)

  1. Доколку постои Правен акт да се раегира за бесправно користење на фотографијата на книгата тогаш мора да се дејствува за повлекување и препечатење,доколку не, тогаш не заслужува внимание за некаков си ФАНАТИЗАМ.

  2. Пред Бога и нема националност или државјанство, сите се подеднакво православни браќа и сестри, кој сака поделба на религијата тој ќе биде одговорен пред Бог!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *