Почетна Вера Нова капела на Католичката црква во Куманово
Нова капела на Католичката црква во Куманово

Нова капела на Католичката црква во Куманово

196
0

kapela vo kumanovoСкопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов ја благослови новата капела „Свети Иван Крстител“ за потребите на верниците и заедницата „Свети Алберт Велики“ во Куманово, пишува „Католици.мк“.

На Литургијата на 19 април учествувале и дон Томаш Бак, скопскиот парох дон Давор Топиќ, скопскиот капелан дон Јошт Мезег.

-Евреите не го препознаа Исус кој за нив беше еден од нив, но сепак поинаков, беше нешто повеќе но тие не го препознаа, исто така и овие семејства – мисионери во Куманово, слични се, но за луѓето кои ги среќаваат има нешто поинакво во нив, понекогаш ниту нашите домашни, пријателите во Исуса Христа не го препознаваат вистинскиот Бог. Тоа препознавање е милост, дар кој го добиваме преку пренесувањето на верата во семејството и Црквата. Посланието на секој христијанин е другите во него да го препознаат делувањето на вистинскиот Бог, да биде патоказ кон небото, за вечниот дом на нашиот милосрден Отец, изјавил Бискупот Стојанов по литургијата во Куманово, потенцирајќи ја посебноста на католичката заедница во Куманово, која е најмлада, со оглед на возраста на нејзините верници.

Имено, најбројни членови на оваа заедница се децата, благодарение на многудетните семејства.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *