Почетна Вести Свет Нов Зеланд: Група моторџии се заложија да ги чуваат муслиманите за време на петочната молитва
Нов Зеланд: Група моторџии се заложија да ги чуваат муслиманите за време на петочната молитва

Нов Зеланд: Група моторџии се заложија да ги чуваат муслиманите за време на петочната молитва

181
0

Откако до нив допреа вестите дека муслиманите во Хамилтон се плашат да присуствуваат на петочната молитва во нивната локална џамија поради минатонеделните терористички напади, група моторџии од Нов Зеланд ветија дека ќе ги чуваат муслиманите, пренесува Anadolu Agency (AA).

Сони Фату, водачот на групата улични моторџии на етнички Маори, истакна дека групата ќе ја обезбедува џамијата во Хамилтон, град на Северниот Остров.

„Ние ќе ги поддржиме и ќе им помагаме на нашите муслимански браќа и сестри, колку и да треба“, истакна Фату за новозеландскиот медиум „Stuff news“.

Активна уште од 1960-тите, „Монгрел Моб“ е група улични моторџии од Нов Зеланд, со мрежа од над 30 клуба, од кои посебно активни се клубовите во Кинг Каунтри, Опотики, Ваикато и Хастингс.

Според локалната полиција, нивните активности вклучуваат сериозно насилство, продажба на дрога и поседување оружје.

Во членството на групата доминираат лица од пацифичките острови и Маори.

Најмалку 50 лица загинаа кога терорист отвори оган врз верниците за време на петочната молитва во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч, Нов Зеланд.

Терористот Брентон Тарант (28), инаку Австралиец, се соочува со обвиненија за масакр и се чува во затворот со високо обезбедување во Оукленд без пристап до интернет или печатени медиуми.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *