Почетна Вера Нов свештеник на Апостолскиот Егзархат во Македонија
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Нов свештеник на Апостолскиот Егзархат во Македонија

334
1

Ѓаконот Атанас Сирачев е нов свештеник на Апостолскиот егзархат, на Католичката црква во Македонија. Ракополагањето го извршил Бискупот Киро Стојанов во неделата на 17 јули 2016 година, на Архиерејската литургија во парохиската црква Свети Пророк Илија во Радово.

Во својата пригодна реч, како што пишува интернет порталот „Католици.мк“ бискупот Стојанов, ги повикал сите присутни со своите молитви да го подржат новиот свешетеник на неговиот пат како Христов работник на Божјата нива, при тоа напомнувајќи дека: „Свештеникот никогаш не смее да дозволи во него да згасне љубовта кон свештеничкиот позив, ниту да ја заборави првотната запаленост за духовно воздигање“.

Отец Атанас Сирачев потекнува од парохијата Свети Пророк Илија – Радово, своите филозовски и теолошки студии ги заврши на Папскиот Универзитет „Урбанијана“, а постдиплонските студии на Папскиот Институт „Ориентале“ во Рим.

/КАТОЛИЦИ.МК

Коментар(1)

  1. Čestitki na noviot sveštenik na Apostolskiot egzarhat ATANAS SIRAČEV. Mnogu godini da služi misi Se raduvam bidejki mojata sopruga , dvete kerki i vnukata verski i pripađaat na Katoličkata crkva.So pozdrav od Zagreb.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *