Почетна Вера Нов свештеник меѓу православните католици во Македонија
6

Нов свештеник меѓу православните католици во Македонија

630
2

Верниците на Католичката Црква во Македонија, што се дел од византискиот обред, добија уште еден свештеник. На вториот ден од Божик, 8 јануари, во парохиската црква „Свети Пророк Илија“ во Радови, Владиката Киро Стојанов го ракоположил ѓаконот, Ванчо Назов во свештеник.

-Свештеникот е незаслужен, но многу одговорен делител на Божјите таинства. Свештеникот 24 часа на ден е Божји служител. Затоа на свештеникот му е потребна Божја помош, христијанска молитва и љубов, рекол Киро Стојанов, кој во Македонија ја има и улогата на Апостолски егзарх.

Коментар(2)

  1. Што пишувате глупости? Ако не знаете за обредите во Католичката црква, зошто воопшто пишувате вести??? За да се брукате???
    Една википедија има повеќе информација од вас што представува источниот обред во Католичката црква. Да не наречете православни е доказ дека не си ја познавате вашето вероисповедување … Но, тоа е поради тоа што нема веронаука да ве научи што, освен вашата вера представува, но и што другите исповедуват. Која е разликата, зошто ја има … итн.
    Не може да имате сајт за религија, а да немате основни познавања за тоа што зборувате. Тоа би било како да си направиш веб за физика и да пишеш дека тоа е наука за јазик!!!!
    Ај поправете си ги насловите ВЕ МОЛАМ отворете еден гугл, една википедија … и прочитајте. Па не тропајте глупости и не навредувајте!!! НЕМА ПРАВОСЛАВНИ КАТОЛИЦИ како поим!!! Католици од источен обред, грко-католици, унијати … тоа, да постои!!! И секој владика си има титула…ако не знаеш како да го именуваш – го навредуваш!!! Ако не знаете кај да најдете – па прашајте. СЕ ВИКА ДИЈАЛОГ!!! Или најмалку прашај интернет … еве и на официалната страница на Министерството за надворешни работи има список, каде меѓудругото се напишани и поглаварите на различните религии застапени во Р. Македонија. Не можам стварно на друг начин да си ја објаснам оваа некомпетентност. … или пак е намерна пропаганда??!! Така уште повеќе да се збуни македонскиот народ!!!

  2. Браво за коментарот! А големо УА и ваш срам за насловот! На дете од градинка му е јасно дека не постојат Православни Католици! Ви објасни разликата членот погоре!
    Да си помислите малку на глупостите и се запрашате Православни Муслимани дали има? Или Муслимани-православни?
    Унијати неписмени едни Унијати, каков што бил нациналниот јунак на Македонија Гоце Делчев, како што бил Васил Главинов, браќата Константин и Димитар Миладинови….

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *