Почетна Вести Нов крст на манастирот Света Пречиста кај Кичево
Нов крст на манастирот Света Пречиста кај Кичево

Нов крст на манастирот Света Пречиста кај Кичево

843
0

Монашкото братство од Бигорскиот манастир постави нов крст на Пречистанскиот манастир, непосредно до Кичево. Станива збор за раскошен руски крст со импозантна големина и убавина. Крстот го осветил надлежниот митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.

-Ова прекрасно изработено знамение на Христовата победа, издигнувајќи се високо на небото, им донесе голема радост на новото сестринство во манастирот на Преблагословената и Пресвета Богомајка. И така совршено се слеа со околината како отсекогаш да бил тука, сведочејќи за силата на Православието на овие простори, дури и тогаш кога неблагонаклоната иноверна власт го држел во мрак и ропство нашиот верен народ. Нека ова крсно знамение до крајот на вековите го осенува со своите благодатни зраци пречистанското светилиште и нека со силата на Христа Кој доброволно се распна заради нас, ги чува и заштитува оние што ќе пребиваат во него, велат од Бигорскиот манастир.

Инаку Архимандритот Партениј, игумен на Бигорската Обител, од неодамна почна процес за заживување и на овој манастор. Тој ќе биде исто така под негова управа, а во него ќе биде сместено сестринство, дел од Бигорската Обител.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *