Почетна Верски буквар Нов број на „Огледало“
Нов број на „Огледало“

Нов број на „Огледало“

69
0

Јубилејот 50 години автокефалност на МПЦ-0А е централната тема на новиот број на епархискиот гласник на Тетовско-гостиварската православна епархија – списанието „ОГЛЕДАЛО“.

Во списанието има исторски и теолошки осврти за црковниот живот во Македонија. Ова списание со благослов на надлежниот митрополит г. Јоисф почна да излегува во март 2014 година.

-Во ова ново издание направивме мали измени во содржината и во изгледот – со што на списанието му даваме еден нов воскресенски сјај. Покрај вообичаените теолошки содржини, во овој број отстапивме простор и за содржини од повеќе области, како и за епархиските вести и настани, сѐ со цел сестрано да ги запознаеме нашите верници и читатели со нашето неисцрпно и богато духовно богатство, преку значајните научни истражувања на наши еминентни професори, свештеници и теолози. Искрено се надевам дека овој број ќе им овозможи на многумина, кои се жедни за духовно просветление – низа знаења, кои ќе им биде од голема духовна полза на патот кон спасението, вели Митрополитот г. Јосиф, -Тетовско-гостиварски.

Бесплатното електронско издание прочитајте го ОВДЕ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *