Почетна Вера Ноќ спроти Водокрст во Бигорски
Ноќ спроти Водокрст во Бигорски

Ноќ спроти Водокрст во Бигорски

415
0

Биогрската обител заедно со многубројните верници ја помина ноќта спроти Богојавление со целовечерно бдение спроти Водокрст на кое молитвено присуствувале и кумовите на крстот од соседните села: Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште и Јанче.

-Ноќта помината во молитва, содржината на празничните читања и песнопенија на Царските Часови и Вечерната, причестувањето со Светите Христови Тајни на Василиевата Литургија, благодатта и избликот на радост од Богојавленскиот водосвет во манастирската фијала – сето тоа духовно ги подготви нашите души за вистинско доживување на празникот на Светлините… А, секако, тука беше и созерцателната беседа на нашиот мил Старец, Архимандрит Партениј, со која уште од почеток го разгоре жарчето на нашата вера, велат од Бигорски.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *