Почетна Политичка теологија Нобелова награда за 2016: Научно докажана полезноста на постот
Нобелова награда за 2016: Научно докажана полезноста на постот

Нобелова награда за 2016: Научно докажана полезноста на постот

1.14K
1

Есинори Осуми – специјалист за клеточна биологија од Јапонија, стана Нобелов лауреат во областа на физиологијата и медицината за научна заснованост на полезноста од воздржанието од храна.

nobelova-nagrada-medicinaОткритието на Осуми доведе кон нови парадигми во нашето сфаќање за тоа како клетката ја преработува својата содржина. Неговото откритие отвори пат за сфаќањето на фундаменталната важност на автофагијата за мноштво на физиолошки процеси, како што е одбраната од инфекции.

Автофагија е процес на употреба и преработка на непотребните делови од клетката, односно ѓубрето што се насобрало во неа. Терминот го добива значењето од два грчки збора кои буквално се преведуваат како самојадење, т.е. јадење на самиот себе. Благодарение на неа, клетките се ослободуваат од непотребните честици, а и самиот организам во целина од непотребните клетки.

Откритието на лауреатот сведочи: да се гладува, особено да се пости е крајно полезно, тоа претставува вистинско чистење на организмот. Како што уверува Осуми, тоа го запазува организмот и од предвремено стареење.

/ПРАВОСЛАВИЕ.РУ / БИГОРСКИ-превод

Коментар(1)

  1. Колку што ми е познато смислата на постот е сосема друга, т.е. издигнување на душата кон Бога. Диетата и постот се сосема различни нешта. И сега многумина постат за да ослабат, но ако духовно не постат водржување од зли помисли, дела, или борови, бадијала постат од храната. Подобро јади месо отколку луѓе.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *