Признавањето на Украинската православна црква – Московска Патријаршија (УПЦ-МП) од страна на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) доаѓа само еден месец по одлуката на Украинскиот парламент да ја забрани истата заради убедувањата дека служи како продолжена рака на Руската православна црква (РПЦ). Со овој чин, Киев ја признава само Православната црква на Украина (ПЦУ), која неодамна доби признавање од Вселенската Патријаршија.
Марјан Николовски, новинар и експерт за религиозни прашања, е убеден дека одлуката на МПЦ-ОА е поттикната од некого.
„Ако се гледа по времето кога реакцијата доаѓа, а тоа е речиси еден месец по одлуката на Украинскиот парламент, тогаш сосема јасно е дека некој во овој период барал МПЦ-ОА да се изјасни и токму во овој контескт, на поддршка на проруската црква во Украина. Одлуката е секако по иницијатива на проруското крило во МПЦ-ОА“, вели тој за Инбокс7.
Но, Николовски додава дека „ако се анализира содржината на соопштението ќе се види исто така дека таква одлука и таков став на МПЦ-ОА е изнуден„.
„Иако ставот е за поддршка на УПЦ-МП, сепак тоа соопштение е доста испрано и има чисто протокалер формат. Сигурно одредени владици сакале многу подиректна форма и големи хвалоспеви за УПЦ-МП, но претпостаавувам дека овој став, ова соопштение е работено по координација од повеќе страни”, подвлекува тој.
Но како и да е, вели Николовски, „ставот на МПЦ-ОА, да даде поддршка на проруската црква во Украина, оценувајчи ја само нејзе како канонска, а на тој начин негирајќи ја автокефалната православна црква во Украина, доби голем одек во грчката црковна јавност“.
Целиот текст прочитајте го ОВДЕ


Лажен томос за автокефалност по дефиниција не може да постои, се’ додека фактите кои ги наведува во неговата содржина и односот кон нив одговараат на реалноста. Постои автентичен Томос за автокефалност доделен од Српската Православна Црква на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Вселенска Патријаршија исто така не постои: тоа е очаен изум на Константинополската Патријаршија заради недостатокот од компактна државна територија над којашто таа, како и останатите Помесни Православни Цркви, треба да има полна јурисдикција, а нема. Без овие свои хиперболизации Константинополската Патријаршија би имала далеку поголем углед, заради реалното историско наследство на Нејзините светии на кои сите православни христијани со молитвена почит и полни со восхит славословија и љубов се сеќаваат, а не заради мегаломанските амбиции со кои Нејзината врхушка на моменти низ историјата и денес се обидува да маневрира ширум светот, со современ акцент на најмногу во Украина. И самиот факт дека Украина е толку значајна за Цариградскиот Патријарх е чудовишен: Украина е словенска земја, првата словенска земја во поновата историја каде што се овозможи грчко замешателство во црковното устројство на поширок план. Ако се задржиме на добрите намери во постапката на Неговата Светост, ќе се запрашаме каков е сегашниот однос кон невозможниотнразвој на настаните. Ако сакаме да бидеме “културни” а не куртоазни, како што бара авторот на овој текст, не можеме а да не помниме дека и терминот ‘Вселенска Патријаршија’ сам по себе е новокомпонирана политичка конструкција без еклисиолошка содржина, мелем на раната на воениот пораз на малоазиските Грци, рана којашто тие си ја залечија со грабежите и прогонствата извршени врз Македонците во Беломорска Македонија (за што се далеку посвесни од нас Македонците, далеку побудни во своите насоки при сите геополитички одлуки). Во полошиот дух на дологвековните византиски традиции на таа Патријаршија, денес се одиграа манипулации од нејзина страна во однос на еклисиолошкото име наведено во томосите за автокефалност на сите Помесни Православни Цркви со цел да се изигра актуелната ерархија на Македонската Православна Црква токму со лажен томос, во кој името и статусот на нашата Света Црква би биле неточно наведени, лишени од вековното национално име на нашиот народ, осакатени и во иднина избришани докрај. Ако некој од неписменост или заради некоја друга духовна деформација паѓа во транс и при споменот на името на т.н. “Вселенска Патријаршија”, тоа си е негова лична болест и оптовареност; за вистинскиот христијанин (што е христоподобно) Нејзината историска слава не може да ги засени Нејзините современи промашувања и со тоа да ги прогласи за совршени и свети сите Нејзини постапки и одлуки, ниту да ги нарече изнедрени од Светоотечките јасли на вечно животворното Православно Предание единствено заради старата слава на Константинопол. И да бидеме докрај доследни: не е само Цариградската Патријаршија повикана и должна да остане со сите свои сили во благословениот простор на Светото Предание, тоа е задача на сите, секој мора да внимава како гради на тие темели и да го дава своето прочистено сведоштво за Црквата Којашто вратите на пеколот нема да ја надвладеат (зашто Црква ќе остане само она коешто вратите на пеколот нема да го надвладеат). Или да се вратиме на темата: ако како православни настојуваме просто на тоа ‘Кој’ а не ‘Каков’ томос издава на пример, тогаш историјата ќе не’ врати во Ерусалим, а не во Константинопол. Ако се држиме просто за тоа дека како православна категорија ‘личноста’ е над ‘суштината’ (во превод: не е важно каков е томосот, битно е кој го издал) ќе мора да се запрашаме и дали супериорноста на ‘личноста’ како категорија не е непосредно поврзана со неизменливоста на Бог, а не на човекот, и дали во таа смисла луѓето кои во долгата историска низа седеа на Константинополскиот Престол еднакво и без исклучок ја сведочеа истата боголика неизменливост во чиј сјајги препознаваме плодовите на една Мајка Црква. Истото прашање се разбира може да се постави и во однос на останатите Помесни Цркви.
Ти благодарам и честитам за овој издржан коментар од името на сите кои се сметаат богослови и ревнители за статусот на МПЦ!
Eden ekspert … na negoviot sajt, odnosno na nivniot sajt …
Zemi pokrij se vo nekoj agol …
I ne siri lagi. Od podrska do priznavanje ima razlika …
Se pretvori sajtot religija.mk vo prostor kaj nie obicnite ke komentirame za necija poobnost i crkovno dostoinstvo.Apsurd.Koga ni gi dal Gospod tie svestenici, monasi, arhepiskopi do vselenskite patrijarsi niz vremeto ima zosto, i site se podobni.Ako nekoj misli moze da sudi za necija podobnost i svedocenje negovo e .Jas ne se osuduvam.Ke dojdeme do toa nie dostojni li sme necii kerki ,sinovi, majki tatkovci , sopruzi , ete jas najnedostojna vosite ulogi sto eden covek moxe da ima.Moderno svestenstvo monastvo se soocuva so mmoderni predizvici.Zidini ne mozat nisto na internet, satelitski frekfencii i zracenja.Vo edna kasha od vlijanija sme, i dokolku se uste ne znaeme koj e vrhoven vo komandata ,na pr Vselenska Patrijarshija ke sedime na net i ke sudime i ocenuvame koj pop piel, bilzenskaroh ili srebroljubiv i uste ke se cuvstvuvame ubavo posle toa.
Borbi za prevlast ima od sekogash.Porano se sluzele so oruzen fizicki napad vrz protivnikot,so kopja, macevi, pistoli, denes oruzje eprefineto, sekakvi sjber napadi, sonicni virtuelni i site se so ista cel da se dojde na vlast.I manipulacii vo propaganda , i spinuvanje na nekogo i ete ti go modernoto opstestvo.No se e isto da se dojde na vlast.I pokrj toa sekoja vlast e dopustena , kakov narod takva i vlas.Taka konfrontirajte se po internet , zaradi konkretni interesi ,taka treba da bide da mine vremeto.