Почетна Коментар Николај Пловдивски: Колку е убаво и пријатно кога браќата живеат заедно
Николај Пловдивски: Колку е убаво и пријатно кога браќата живеат заедно

Николај Пловдивски: Колку е убаво и пријатно кога браќата живеат заедно

498
1

Митрополитот Пловдивски, Николај, во поздравното слово при посетата на Бигорскиот манастир

Со благодатните слова на великиот псалмопевец, свети пророк и цар Давид, воскликнува и моето срце, исполнето со духовна среќа во овој миј, кон сеподателот Бог: ’Благословувај го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини‘.

Голема милост ни направи Господ, пред дверите на благопријатното време на нашето спасение – светиот и велик Пост; во времето на особена молитва, на покајание и воздржание, ние да дојдеме, да ги преклониме колената на своите души и срца во благодатта на оваа древна Света Обител, посветена на најголемиот меѓу родените од жена, Св. Јован Крстител; да се поклониме на оној кој го повика целото човештво кон покајание: ’покајте се, зашто се приближи Царството Небесно‘.

Имено во овие благодатни дни, јас ја имам духовната среќа да го исполнам послушанието и пријатното возложение од Неговото Светејшество, Бугарскиот патријарх и Софискиот митрополит Неофит, и Светиот Синод на БПЦ, заедно со мојот собрат, Високопреосвештениот Старозагорски митрополит Кипријан, да одговориме на љубезната покана на Претседателот на Република Бугарија, г-н Румен Радев и да бидеме соучесници во оваа духовна радост.

Ви благодарам за гостопримството, за љубовта, за благодушието со коешто нѐ примате и нѐ пречекувате. ’Колку е убаво и колку е пријатно кога браќата живеат заедно‘ – вели свети пророк и цар Давид. Ние ја живееме таа радост во овие благодатни мигови на духовно општење.

Ви го пренесувам првосветителскиот благослов на Неговото Светејшество, Бугарскиот патријарх Неофит, на свештената јерархија на Бугарската православна црква, кон сите вас – за здравје, за доброденствие, за благоуспевање и душевно спасение. Особено кон оваа Свештена Обител го упатувам архипастирскиот благослов и молитвен взор кон сеподателот Бог, за да испросам благодатни сили на сите, на отецот игумен и монасите, браќата на оваа Света Обител, коишто се посветиле на рамноангелскиот подвиг на монашкиот живот.

Бог да ви ги укрепи силите, да ви дава благодат за достојно, поблагодатно и душеспасително служење на Светата Обител и Светата Христова Црква. Да пребива оваа Обител и богоспасуваната Дебарско-кичевска епархија во благоденствие, во здравје и благопреуспевање…“

Коментар(1)

  1. I jas sum završil Makedonska bogoslovija, ali na ova ne sum se nadeval —-deka Mpc.e isturen servis na.bugaraštinata vo Makedonija

    Bivš profesor vo Maledonskta bogoslovija

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *