Почетна Вести НГМ: Отворена изложбата „религијата и модерната уметност“
20170413_2_23063063_20990891_Web
20170413_2_23063063_20990892_Web
20170413_2_23063063_20990894_Web
20170413_2_23063063_20990893_Web
20170413_2_23063063_20990890_Web

НГМ: Отворена изложбата „религијата и модерната уметност“

183
0

Во Национална галерија на Македонија, во објектот „Мала станица“ во Скопје, беше отворена изложбата „Религијата и модерната уметност“, во организација на Асоцијацијата за култура ИКОН, Anadolu Agency (AA).

На отворањето на изложбата, Климе Коробар во изјава за медиумите рече дека изложбата се организира по повод 15 април – Светскиот ден на уметноста, воедно роденден на Леонардо да Винчи, а оваа година тој ден се совпадна со христијанскиот празник Велигден.

„Затоа, за ова чествување за Светскиот ден на уметноста се решивме да ја претставиме оваа изложба, ‘Религијата и модeрната уметност’. Преставени се дела од најзначајните македонски уметници од различни генерации и сите тие специјално изработија свои дела за оваа изложба“, рече Коробар.

Тој истакна дека изложбата е претставена во 2005 година, во Њујорк, САД, а ова претставување денес е премиерно во Македонија.

„Изложбата во Њујорк е дополнета со уште некои автори и заокружен е еден циклус на претставување на влијанието на религијата врз современата уметност“, додаде Коробар.

Меѓу другото, тој рече дека во наредните три години организаторите ќе работат на тоа да се обезбедат и други уметници од другите религии, како што рече, за „да се направи дијалог меѓу религиите затоа што светите книги на која било религија говорат за почитување на луѓето, почитување на другиот, без разлика на која религија припаѓа“.

„Затоа“, истакна Коробар, „уметноста е најповикана дека човековите вредности се основа и во уметноста и во религијата“.

На денешното официјалното отворање присуствуваше и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој го изрази своето задоволство што во Скопје се одржува културен настан од ваков тип.

Изложбата „Религијата и модерната уметност“ ќе биде отворена до 24 април.

/А.А.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *