Почетна Вера МПЦ-ОА Незаборавна ноќ во Бигроски
b-63
b-62
b-61
b-58
b-57
b-54
b-53
b-52
b-51
b-50
b-44
b-43
b-41
b-39
b-36
b-35
b-34
b-31
b-29
b-28
b-26
b-25
b-24
b-20
b-19
b-18
b-17
b-16
b-15
b-14
b-12
b-10
b-7
b-3

Незаборавна ноќ во Бигроски

577
0

Бигорскиот манастир го одбележа својот патрон празник посветен на Светиот Јован Крстител.  На величествената прослава служеше и повардарскиот митрополит г. Агатангел. Огромен број верници дојдоа уште од вечерта на големото ноќно бдение.

Свештен и достоен за поклонение е денешниот ден, бидејќи денес светата Црква Христова го чествува отсекувањето на сечесната глава на најголемиот меѓу Пророците, гласникот на Светлината вистинска, ангелот во тело, Претечата и Крстителот на Владиката Христос. Тој е великиот Јован, чиешто име излезе од устата на Бога и се пренесе од небото на Захарија преку архангелскиот глас. Тој е гласот што се роди од немиот татко. Тој, којшто со молчењето на татка си ја поништи неплодноста на мајка си. Тој, во чијашто личност се зацари воздржанието. Тој, кој поживеа како бестелесен во земниот живот, кој се покажа како бесценет бисер среде калта на овој свет. Тој, кој ги укори бесплодните души и им се закани со секирата на Божјата правда, пустинољубивата грлица на Црквата, незамолчивата уста на Вистината, гласот на Оној Кој вика во пустината и одекнува громогласно до краиштата на светот: Пригответе го патот на Господ и исправете ги патеките Негови, од каде што ќе дојде Господ во душите на луѓето. Тој е јазикот, кој со своите божествени слова и својот пречист глас, дури и по неговата смрт, го разобличува Ирод и Го проповеда Христа, кој го разобличува секој грев и нѐ повикува сите кон покајание, велејќи: Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно!, велат од Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *