Почетна Вести Ислам Неуспешен обид за превласт врз ИВЗ – Реџепи: Повеќе не сме на иста страна со владата
Неуспешен обид за превласт врз ИВЗ – Реџепи: Повеќе не сме на иста страна со владата

Неуспешен обид за превласт врз ИВЗ – Реџепи: Повеќе не сме на иста страна со владата

147
0

Неполни пет часа, вечерва траеше неуспешниот обид за превласт во Исламската Верска Заедница, откако поранешниот секретар на скопското муфтиство Скендер Буџаку се обиде со пресуда на судот да се прогласи за нов поглавар на ИВЗ. Ријасетот, највисокото тело ИВЗ, вечерва ја расчисти дилемата, сите Муфтии застана зад Сулејман Реџепи, како единствен легитимен поглавар на втората најголема верска заедница во Македонија.

ИВЗ е силно огорчена од овој  примитивен скандал. Не може извршната власт или кој било друг да решава за избор на првите луѓе на Реисатот . Избор на нов реис се спроведува со избори во реисатот , а се друго може да доведе до анархија . На другите верски заедници им е овозможено мирно да работат , а зошто властите  не и дава спокојство на ИВЗ. Бузаку е отпадник од ИВЗ , па дури и од Исламот , се колнам во Алах, ако е тој муслиман тогаш и кучињата се муслимани. Тој кога ќе биде реис ул улема , тогаш нема да постои Исламска верска заедница , изјави Сулемјан Реџепи, по вонредната седница на Ријасетот на ИВЗ, која се одржа во Кондово.

Овој најнов обид за превласт во ИВЗ, почна откако попладнево Скендер Бузаку дојде во ИВЗ со пресуда в раце од судот според која тој бил поставен за нов поглавар на ИВЗ, и побара да влезе во просториите на ИВЗ. Поради можност за нарушување на безбедноста, полицијатаа веднаш распореди полициски сили околу седиштето на ИВЗ.

-Од утре си даваме зaклетва и ќе се организираме како верници јас сум новиот поглавар на ИВЗ, рече пред новинарите Скендер Бузаку, и тоа врз основа на сите внатрешни акти и врз основа на cyдcкo решение, изјави претходно Буџаку.

Тој ја известил и финансова полиција за да направи увид на досегашното работење на поглаварот Сулејман Реџепи во ИВЗ. Бузаку го обвини поглаварот на ИВЗ дека вработувал луѓе од својата фамилија во заедницата и дека поради тоа не очекува мирно предавање на функцијата. Според него основиот суд Скопје 2 ја уважил неговата жалба кој во 2015, наводно бил избран за поглавар на ИВЗ.

Исламската верска заедница верува дека за вечерашниот обид за превласт стои актуелната влас. Поглаварот Реџепи порача дека ИВЗ ќе се вклучи во анти пропагандата за вториот круг од претседателските избори.

-За жал, од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада, изјави поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи по вечерашниот упад на полицијата во ИВЗ, и по изјавата на Бузаку дека тој од утре ќе биде поглавар на ИВЗ согласно одлуките од Судот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *