Почетна Вести Нетрулежните мошти на Јоаникиј од Ракотинци ќе бидат изложени во Соборниот Храм
Нетрулежните мошти на Јоаникиј од Ракотинци ќе бидат изложени во Соборниот Храм

Нетрулежните мошти на Јоаникиј од Ракотинци ќе бидат изложени во Соборниот Храм

840
0

Скопската епархија на Македонската Православна Црква ги објави деталите околу големиот настан за прогласувањето на Архимандритот Јоаникиј од Ракотинци за светител.

Чинот за неговото впишување во книгата на православни светители почнува во сабота со вечерна Богослужба и помен за Светиот Јоаникиј Ракотински.

Најзначајниот дел од настанот е во недела наутро. На 24 септември од мостот Гоце Делчев до Соборниот храм ќе има голема литија со пренос на моштите на свтителот. Литијата почнува во 8 часот наутро, а во 9 часот во Соборниот Храм ќе се одржи Света Архиерејска Литургија на која ќе присуствуваат сите архиереи на МПЦ-ОА.

Светиот Јоаникј од Ракотинци по 40 години од неговата смрт, кога беше откопано неговото тело се уште не беше распаднато. Денес 30 години подоцна нетрулежните мошти имаат значење на светост, и сите верници ќе имаат можност да се поклонат пред нив.

Моштите ќе останат изложени во Соборен Храм се додека не биде изградена црквата посветена на светите Константин и Елена, а потоа ќе бидат префрлени таму.

За Светиот Јоаникј веќе се напишани и првите чуда. Неодамна Архимандритот на грчката православна црква Порфириј, Игумен на Свештената Обител на Манастирот Свети Јован Крстител кај Верија, напиша текст за канонизацијата на Светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши в недела. Насловот на текстот беше „Јоаникиј од Ракотинци, еден современ охридски светител!“

Архимандритот од Верија, пишуваше и за чудата на Свети Јоаникиј, кои се случувале во нивниот манастир како резултат на честиците од моштите што ги добиле од Македонија, посочувајќи дека во случај на болни браќа и сестри, имале обичај да им порачуваат на роднините да палат кандило на овој нов Преподобен.

Радмила Заревска

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *