Почетна Репортажа Фото Несекојдневна слика – Минаре од џамија на средина од замрзнато езеро
Несекојдневна слика – Минаре од џамија на средина од замрзнато езеро

Несекојдневна слика – Минаре од џамија на средина од замрзнато езеро

133
0

Минарето кое се наоѓа на средината од езеро во источниот дел на Турција претставува туристичка атракција што привлекува посебно внимание во зимскиот период кога површината на езерото е замрзната и покриена со слој од снег, јавува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за минарето на џамијата што остана под вода откако во 2009 година е наполнета браната „Јазиџи“. Браната ги задоволува потребите на истоимената хидроцентрала, но, исто така, се користи и за наводнување на повеќе од 25.000 хектари земјоделско земјиште во Агри.

Заедно со дел од селото Басџавус остана под вода и локалната џамија, а нејзиното минаре сѐ уште стои исправено на средината од езерото.

Оддалечено околу 18 километри од центарот на Агри, минарето стана голема туристичка атракција што ја посетуваат раселените локални жители на местото, како и туристи од цела Турција и пошироко.

Минарето во средината на замрзнатото езеро е пејзаж кој ги привлекува професионалните и аматерските фотографи што се во потрага по необични пејзажи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *