Почетна Вести Несекојдневна можност: Уметничките цртежи на Владиката Пимен вечерва на изложба во Винскиот бар „Подрум“
Несекојдневна можност: Уметничките цртежи на Владиката Пимен вечерва на изложба во Винскиот бар „Подрум“

Несекојдневна можност: Уметничките цртежи на Владиката Пимен вечерва на изложба во Винскиот бар „Подрум“

2.01K
0

„Балерините и нивната публика“  е насловот на изложбата што денеска во 21 часот ќе биде отворена во Винскиот Бар Подрум. Но, не станува збор за обична изложба, туку изложба на Архиереј на МПЦ. Автор на цртежите е Митрополитот Европски г. Пимен.

podrumМалкумина знаат дека Владиката Пимен има талент и за цртање. Оваа несекојдневна изложба е можност да се видат дел од сликите на владиката. Тој е автор на цртежи работени на скеч гуру – мали формати.

-Е па драги мои, изгледа ќе го победиме Марфи вечер. После 1 000 000 каснења и ситни проблеми, успеавме со подрумските другари да врамиме и да изложиме 50 цртежи.
Да ми повелите и да ми дојдете вечер 05.10. во Буњаковец во Подрум на изложба. Не поради мене, ами поради хуманитарната акција со која ќе усреќиме барем еден човек на кој му е потребна нашата помош. Присуство задолжително. Дрес код по ваш избор. Јас ќе сум во црно облечен за полесно препознавање, напиша Отец Пимен во поканата.

Изложбата има исклучиво хуманитарен карактер, а приходите собрани од продажбата на цртежите, ќе бидат наменети за помош на Александар. За изложбата веќе има огромен интерес.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *