Почетна Вера Несекојдневен настан во Бигорски, четворица искушеници ќе станат монаси
Несекојдневен настан во Бигорски, четворица искушеници ќе станат монаси

Несекојдневен настан во Бигорски, четворица искушеници ќе станат монаси

5.23K
0

Монашкото братство на Бигорскиот манастир ќе биде зголемено за четворица нови монаси. Чинот на облекување на монашкото росо ќе биде во сабота на 10 септември, во предвечерието на празникот „отсекување на главата на Јован Крстител“, кога Бигорски ја празнува манастирската слава.

bigorski slika 3Ова групно замонашување со четири монаси ќе биде величествен и редок настан во МПЦ.

Следниот ден на 11 септември на празникот Света литургија ќе служи дебарско-кичевскиот Митрополит г. Тимотеј, заедно со Повардарскиот Митрополит г. Агатангел и Архимандритот Партениј.

-Ги повикуваме и особено ги поттикнуваме сите благочестиви Православни Христијани, да се присоединат кон големото торжество на чесниот и славен Претеча, во денот на неговиот празник, кога најголемиот меѓу родените од жена ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите оние кои го чествуваат неговиот спомен. И кога секој човек неизмерно се радува штом ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својот празник, тогаш колку ли, пак, повеќе Светиите Божји ги милуваат оние кои ги чествуваат, велат од Бигорскиот манастир.

Бигорската обител е најорганизираната и најбројната монашка заедница во Македонија.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *