Почетна Вести Христијанство Непоправливиот фашизам на некои грчки епископи
Непоправливиот фашизам на некои грчки епископи

Непоправливиот фашизам на некои грчки епископи

383
1

Во рамките на 25-та манифестација „Павлија“, на 13 јуни во Бер (Верија), Р. Грција се одржа свештеничка конференција со наслов „Илјада години од основањето на Охридската архиепископија“. Помеѓу излагачите беше и епископот Стобиски Давид (Нинов) од Српската православна црква.

Во својот поздравен говор, надлежниот митрополит Вериски Пантелејмон се осврна на значењето на Охридската архиепископија. Сепак, тој многу тенденциозно се изрази во поглед на карактерот на Архиепископијата и на денешната состојба, сакајќи да инсинуира непостоечки тенденции и да го подгрева непријателството помеѓу нашите два народа.

„Темата на оваа конференција, Охридската архиепископија, е една доста сложена и трнлива тема. Тоа се должи на мешањето на државната власт во црковни прашања, како во минатото, така и во сегашноста, но и на злоупотребувањето на црковните прашања за уредување на политичките, експанзионистички и често националистички прашања и аспирации,“ рече митрополитот Вериски.

Понатаму, митрополитот покажа сериозна конфузност говорејќи за националниот карактер на Охридската архиепископија. Најпрвин, тој се изрази делумно исправно, кажувајќи дека во средновековниот период не постоел поимот националност, што е точно. Секако дека Охридската архиепископија не можеме да ја поврземе со ниту една современа нација, зашто таа секогаш била наднационална црква – како и целата Христова Црква, впрочем. Но, тенденциозноста за настојувањето на тој факт од страна на г. Пантелејмон е нескриена:

„Состојбата уште повеќе се комплицира од погрешното разбирање, неволно или подмолно, на термини кои ги наоѓаме во византиските текстови за корист на конкретни цели, а ќе го наведам како карактеристичен пример значењето на денешното национално име „Бугарија“ (зашто Охридските архиепископи официјално се титулирале како „Архиепископ на Бугарија“, н.з.), во време во кое не постои поимот нација“.

Сепак, само неколку параграфи подолу, митрополитот Вериски ќе заборави на својата претходна изјава дека во тој период не постоел поимот нација, за да каже дека:

„Со векови во таа област цутел елинизмот, како што е посведочено од византиските, но и поновите споменици од областа…“

Иако нации не постоеле, „елинизмот цутел“… Останува нејасно дали митрополитот се збунил, заборавил што кажал претходно, или, едноставно, промовира фашистички идеи за супериорноста на една цивилизација над друга и просто, негира сè што не е грчко… Очигледно е дека митрополитот не цели да го покаже наднационалниот карактер на Архиепископијата, туку само да го истисне нејзиниот словенски, бугарски, или поточно кажано општословенски аспект или елемент, во корист на грчкиот.

Ова нема да е првпат грчки националист да игнорира постоење на нешто што е очигледно, опипливо, што дише и што се движи. Исто така, нема да е првпат да се злоупотребува грчкиот јазик, кој во византиската и пост-византиската епоха бил lingua franca и ги обединувал сите балкански народи во една вера и идеја, а со цел да се грцизираат сите историски личности без разлика на нивното потекло и мајчин јазик.

Но, главното прашање што се поставува е дали епископот Давид ја толерира и поддржува ваквата реторика?

ИЗВОР: РОМФЕА

Коментар(1)

  1. Sve sto je videja batko Gjorgjija saka da je negovo. Taka i grcite. Mislat cel svet e nivni i se se vrti okolu niv. A najblislu do srceto im e Makedonskoto. Zagrev kutrite.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *