Почетна Вести Европа Неонацисти осквернавија џамија во Шведска
Неонацисти осквернавија џамија во Шведска

Неонацисти осквернавија џамија во Шведска

54
0

Неидентификувани напаѓачи упаднеле по утринската молитва во џамија во шведската престолнина Стокхолм и со спреј нацртале нацистички свастики и пораки со говор на омраза по ѕидовите, а фрлале и петарди, соопшти локалната полиција.

naci-svedskaОфицијални лица од џамијата изјавиле дека сите верници, освен еден, ја напуштиле џамијата за време на нападот, како и дека верникот кој останал бил вознемирен поради тоа што се случило.

Полицијата наведе дека го истражува инцидентот кој е забележан како вандализам и како кривично дело од омраза, но дека до сега никој не е уапсен.

– Ова не е нешто што се очекуваше. Тешко е да се разбере што се случува во општеството, како на меѓународно ниво така и во нашата сопствена земја. Јас веќе не ја препознавам Шведска – изјави претставникот на муслиманската заедница во Стокхолм, Мустафа Тумтурк, кој е еден од основачите на џамијата во 1985.

Во Шведска во последните години е забележан пораст на напади на џамии и бегалски централи, откако оваа земја прифати рекорден број на бегалци – 245.000 во 2014 и 2015 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *