Почетна Вести Христијанство Нема сведоштво дека некој се заразил од лажичката за причест, вели отец Пимен
Нема сведоштво дека некој се заразил од лажичката за причест, вели отец Пимен

Нема сведоштво дека некој се заразил од лажичката за причест, вели отец Пимен

541
1

Едно од главните прашања кои си го поставуваат верниците е причествувањето и чинот кога причестата се зема од една чаша, една лажичка. Како во оваа вонредна состојба да се изведе тоа, кога околу нас царува заразата. Отец Пимен за ммс.мк рече дека традицијата ќе се почитува. Доказ е тоа е денешниот ден Велики Петок во многу цркви верниците се причествуваа, но држеа растојание.

-Така се причествува, така и ќе остане. Оние кои се болни а не можат да дојдат причестата ќе им биде однесена дома. И ние гледаме да најдеме начин да се одржат богослужбите и да им се удоволи на верниците. Така се договоривме сите 12 активни членови во Синодската канцеларија, но не на состанок туку телефонски, бидејки и ние ги почитуваме препораките. И ние како свештенство сме затекнати и се прилагодуваме на ситуацијата. Не е наше да речеме- никој ништо не ни може. Ќе споменам дека причествувањето не е заразно, односно нема сведоштво дека пиењето од иста часа или иста лажичка некого заразило.  Затоа пак ќе кажам  ние ќе го причеститме народот, ке го задржиме традиционалното, но се држиме и до протоколот за не повеќе од петмина верници на едно место и држењето растојание меѓу нив, објанува отец Пимен.

Тој вели дека ќе се почитува препораката на едно место не повеќе од петмина, што ќе важи и за свештениците и за верниците.  Свештениците сега со меѓусебен договор ќе бидат распоредени во храмовите каде што досега и воопшто  не се одржувала литургија, за да верниците имаат избор, секако ако нема полициски час.

-Ова е личен договор мегу свештенството, да се богослужи во повеќе храмови. Ќе се распоредат во периферни цркви, кај што не се богослужело, за да  верниците не се собираат на едно место. Духовните чеда на било кој свештеник ќе ги слушаат препораките во која тој ќе богослужи за да одат таму. Ова го кажувам од причина што поентата на чествувањето на исусовото воскресение не е да дојдеш,  да скршиш јајце и да си заминеш. Ова повеќе важи за духовните верници што постат,  што се исповедуваат редовно и се редовни посетители на духивните храмови, објаснува отец Пимен.

Верниците забраната за славењето на исусовото воскреснување го доживуваат различно. Едни велат дека и покрај полицискиот час ќе заминат во црква во сабота на полноќ, додека други мегусебно на социјалните мрежи се организираат  ноќта пред воскресението сите со свеќи да излезат на прозорците. Отец Пимен пред неколку дена за ммс.мк рече дека ова не е добра идеја, особено не да се прекрши полицискиот час и да дојде на чествување.

Коментар(1)

  1. Ми се чини дека во целава ситуација “галамата” ја кренаа душегрижниците отколку верниот народ .
    Оние кои си постат редовно и редовно се причестуваат не верувам дека се иницијатори на подгревање на атмосферата пред Велигден;
    Лажичката , па лажичката!
    Кој сака нека се причести, кој има страв нека си избере сам!
    Што е проблемот?
    Па нели живееме во демократско општество!
    Слободно право на избор!
    Не ја гледам смислата луѓе кои се декларираат како атеисти, да се распостилаат по портали со долгометражни писанија за лажичката!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *