Нема нов папа на првото гласање

Date:

Share post:

Црн чад се појави вечерва во 21 часот од оџакот над Сикстинската капела, сигнализирајќи дека се одржало првото гласање на конклавата, но дека завршило без избор на нов папа, објави информативниот центар Ватикан њуз.

Илјадници верници собрани на плоштадот „Свети Петар“ со часови имаа вперен поглед во оџакот на капелата. Сепак, нивното чекање беше подолго од очекуваното. Црн чад од оџакот појави дури по повеќе од три часа откако почна конклавата.

Со ова, се потврдија анализите на познавачите на состојбите во Католичката црква, кои тврдеа дека не може да се очекува избор на нов папа на првиот ден од конклавата.

Во 2013 година, за време на првото гласање на конклавата беше потребно помалку време да се појави црниот чад.

Сто триесет и трите кардинали што учествуваат во изборот на нов папа, сите помлади од 80 години, ќе ја поминат ноќта во ватиканските гостински куќи.

Утре рано наутро тие треба да се вратат во капелата за да одржат по два круга гласања во утринската и попладневната сесија, се додека еден кандидат не добиее двотретинско мнозинство, односно не добие поддршка од најмалку 89 кардинали.

Првото гласање е закажано со почеток во 9:30 часот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...