Нема да има милост за жените без хиџаб, вели шефот на иранското правосудство

Date:

Share post:

Првиот човек на иранското Министерство за правда, Голамхосеин Мохсени Аџеи, денеска се закани дека надлежните органи „без милост ќе ги гонат Иранките кои се појавуваат во јавноста без хиџаб“.

Аџеи додаде дека отстранувањето на хиџабот „се коси со иранските вредности“ и се закани дека ќе бидат казнети сите оние кои ќе го направат тој, како што го нарече, „ненормален чин“, јавија денеска иранските медиуми.

Британските медиуми пренесуваат дека министерот не прецизираше како ќе се казнуваат жените без хиџаб.

– Силите на законот се должни да реагираат на секаков вид на ненормалност што се противи на верскиот закон и е присутен во јавноста и да го пријават до судските органи, додаде Аџеи.

Иранското Министерство за внатрешни работи пред два дена соопшти дека носењето хиџаб е „еден од цивилизациските темели на иранската нација“ и додаде дека „нема да има толеранција за жените без хиџаб“.

Жените во Иран, и покрај официјалната забрана, се појавуваат без хиџаб во јавноста низ целата земја, во продавници, трговски центри или ресторани, забележува британската агенција.

Ваквото правило за Иранките важи уште од револуцијата во 1979 година кога во земјата беше воведен закон со кој се бара од жените да ја покриваат косата со хиџаб и да носат долга, широка облека што ја крие нивната фигура.

/Нова Македонија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Пимен, Георгиј и архимандритот Гаврил служеа во Пјаченца, Италија

Митрополитите Пимен и Георгиј, заедно со архимандритот Гаврил од Австралсико-сиднејската епархија, отслужија литургија во Пјаченца, Италија. Сослужувањето е во...

Српската дијаспора со комеморации за жртвите од Нови Сад: Митрополитот Григорије меѓу присутните

Српската дијаспора ширум светот – од Европа и Северна Америка, преку Австралија, до Азија – денес организира синхронизирани...

Во Соборниот храм донесена честица од моштите на Свети Климент Римски

Честица од моштите на Свети Климент Папа Римски биле донесени во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Моштите...

Скандал на Закинтос: Митрополит јавно понижи наставник поради облека во црква

Бура од реакции предизвика на грчкиот остров Закинтос јавното понижување на наставник и директор на училиште од страна...