Почетна Вера МПЦ-ОА Неколку стотини деца учествуваа на Бадникова литија во Тетово
Неколку стотини деца учествуваа на Бадникова литија во Тетово

Неколку стотини деца учествуваа на Бадникова литија во Тетово

54
0

Неколку стотини деца учествуваа на денешната Бадниковата литија и пеењето на песната „Вечниот Бог”.

Учесниците се собраа во Соборниот митрополитски храм „Свети свети Кирил и Методиј” во Тетово, од каде во 10 :30 часот тргнаа со движење и пеење на песната.

Потоа литијата се упати кон градскиот плоштад, а потоа по булеварот „Маршал Тито”. Од таму продолжија по улицата „Борис Кидрич” каде на неколку места од страна на угостителските локали им подготвија празнични трпеза. Учесниците имаа можност да земат овошја, тиква, бонбони, ореви, костени и слично. Движењето заврши кај маркетот „Веро”.

– Иницијативата е покрената за да се воспостави традиција на православното чествување на празникот Бадник во Тетово, наместо досегашните пагански обичаи. Божиќ да се најави со пригодни богоугодни песни, а дечињата како Ангели да се појават на вратите и со радост да благовестат за Раѓањето на Спасителот. Празниците Бадник и Божиќ се семејни празници и треба пригодно да се чествуваат во кругот на семејствата со многу љубов и сплотеност, истакнаа од иницијативниот одбор на родители.

Бадникарски литии се организираат и при црквите во Брвеница и Теарце.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *