Почетна Коментар Небулозите на еден “академик“
Небулозите на еден “академик“

Небулозите на еден “академик“

368
3

(Реагирање кон изјавите на Митко Манџуков околу платформата на албанските партии)

Во времето на најтешката политичка криза што некогаш е видена и доживеана во Македонија, во миговите кога таа е можеби токму на работ на внатретнички и меѓуетнички конфликти што се закануваат да ја разнебитат, во јавноста слушнавме едно злокобно претскажување на една птица кукавица што се нарекува себеси академик.“ Кога птицата кукавица ќе застане на покривот на куќата, очекувај смрт“, вели народот. Но, оваа кукавица се обидува да се угнезди на покривот на цела една земја и го чини многу посериозно претскажувањето.

Благо кажано, тоа што го кажа “академикот“ Митко Манџуков е срамно и само ги потврдува озборувањата дека во МАНУ, покрај вистинските умови, преживуваат и деструктивци што се уште функционираат со празноумието на некои изминати времиња.

Бев без малку вџашен од изјавата на Манџуков во врска со прекрасната и многу демократска иницијатива на новото парламентарно мнозинство во правец на унапредувањето на службената употреба на албанскиот јазик во Македонија. Тој господин што би требало да биде еден од мудреците на оваа земја, очигледно оптоварен со омраза за се што е различно од неговото национално и верско битие, кажа дека таа иницијатива води “кон уништувањето на христијанскиот и православниот карактер на нашиот народ и кон исламизирање и албанизирање на нашата земја…“, инсистирајќи дека Албанците треба да се откажат од својата политичка платформа.

Исто така, Манџуков рече дека сега било време Албанците да се извинат што им текнало да состават таква платформа, а “странците“ да се дистанцираат од истата бидејќи таа ја уништува Македонија или ја претвора во Албанија и води кон проектот наречен Голема Албанија.

Искрено, не сум слушнал до сега некој интелектуалец толку многу да си го обезвредни сопствениот народ, државата, верата. Го прашувам јавно господинот “академик“: Па каков е тој народ, таа држава и таа вера што можат да се уништат со една обична иницијатива за унапредувањето на правата на еден друг народ? Толку ли ниско и никакво мислење имате за македонскиот народ, за државата Македонија и за христијанството и православието, или сте можеби заслепени во вашето итање да одработите уште некоја задача за вашите ментори во заминување?

За среќа, јас имам многу по високо мислење и за македонскиот народ, и за Македонија, и за христијанството. Јас верувам дека македонскиот народ и знае и умее, дека Македонија ќе стане вистинска држава, и дека христијанството и православието ќе опстанат. Иако, убеден сум, тие се загрозени токму од закоравените умови каков што е тој на Манџуков, академикот што, ете, не може да сфати дека со своите небулози толку многу им одмага на тие што вели дека ги сака.

Господинот Манџуков и нему сличните само треба дефинитивно да разберат дека: Македонија не е земја само на Македонците, не има во приличен број и нас Албанците, а има и други. Македонија не е христијанска и православна земја и како таква никој не се обидува “да ја исламизира и албанизира“. Во Македонија освен православни христијани, живеат и муслимани, католици, протестанти, евреи. Македонија е секуларна држава и во нејзе не постојат првостепени и второстепени вери . На Македонија и требаат пријатели и добри соседи, на Македонците им требаат комшии и другари. И, колку да се знае, Македонија ќе ја браниме и ние Албанците бидејќи таа е и наша земја. Не ја даваме на криминалци и корумпирани банди, не дозволуваме тие да не свртат против нашите комшии, ќе го штитиме соживотот и меѓуверската хармонија, ќе инсистираме на подеднакви права за сите луѓе и за сите вери. Ќе го браниме сето тоа од Манџуков и од нему сличните.

И, сосема на крај, морам да забележам уште нешто. Имено, сите ние што живееме во Македонија, очекуваме МАНУ да биде стожер на напредната научна мисла и извор на нови, прогресивни идеи. Се додека во неа ќе виреат ретроградни и фашистички идеи како онаа познатата за размена на територии и народи, како срамната енциклопедија и како небулозите на Манџуков, таа ќе се доживува како “изложба на фосили“. Јас цврсто верувам дека таа нема да си го дозволи тоа бидејќи во неа членуваат и многу умни академици, Македонци и Албанци, свесни дека нивниот збор има посебна тежина и важност во овие немирни времиња.

А, Манџуков нека продолжи да се движи по правецот во кој што тргнал, нека долева масло на огнот, нека ја замајува јавноста, нека и служи на дневната политика која што се нарекува “дневна“ затоа што ја снемува на крајот на денот.

MuzamilМакедонија копнее за вистинска демократија, нејзини вистински бранители се европски ориентираните луѓе, не луѓето што мразат други луѓе само затоа што припаѓаат на друга нација или вера. И, да не заборавиме, птицата кукавица несе јајца по туѓи гнезда.

Пишува: Муземил Османи (теолог)/ Авторот е шеф на кабинетот на Поглаварот на ИВЗ

Коментар(3)

  1. Нема никого да прелажете со ласкави зборови, Муземил Османи! Да беа Албанците така интелигентни како што сакате да ги претставите, немаше да ја бараат ни досегашната експанзија на албанскиот јазик за јавна употреба во Р. Македонија, но факт е дека се доста примитивен народ со лош генетски прототип кој всушност сака да се коти, но не и да се интегрира во цивилизираните општества. А за духовните својства нема ни потреба да се обидуваме да кажеме нешто. Освен лицемерие зад маска на некакви демократски права досега во Македонија ништо над тоа рамниште не сте понудиле. Не ве навредувам: се воздржувам да ги набројам минатите и тековните штети што ги трпи македонскиот народ и земја од вашите нозе на ова тло.

  2. Ne realno i licemerno zvuci , siptar, bidejki Albanec e drzavjaninin samo na Albanija, a vo Makedonija se siptari, da se deklarira kako makedonski patriota. Toj prvo e siptar, koj gravitira kon Albanija , a slucajno zivee vo Makedonija. Na nego makedonskiot jazik nikogas nema da mu go zameni negoviot, zatoa toj saka makedonskiot da go poklopi so negoviot , siptarskiot koj saka da bide i obvrzitelen i za idnite makedonski generacii. . Voveduvanje vo upotreba na siptarskiot jazik vo Makedonija , se potisnuva, anulira , omalovazuva Makedonskiot jazik. Ako si ti , Muzemil , makedonski patriota, pa ti ke go sovladas Makedonskiot jazik koj ke ti e uslov za integracija vo tvoite patriotski stremezi kon Makedonija, a toa nema da ti smeta , i kako se vidi nikoj nema da ti brani da si go upotrebuvas i da se sluzis so tvojot, siptarski , jazik. Na mene kako makedonec , vo mojata makedonija voopsto ne mi e potreben , nitu siptarskiot jazik , nitu siptarskata kultura , nitu pak na moeto pokolenie. Koj e optereten so svoite patriotski cuvstva , so ljubovta kon rodniot kraj i svoeto poteklo, toj voopsto ne treba da im go okrenuva grbot na istite. Da mi samo kazes da li , od nekolku pati , a osobeno vo tekot na 1941-1943 siptarskite kontracetnicki i balisticki bandi, koi bile sluga na okupatorot , a regrutirani od Tirana , zlostorstvata sto gi pravele nad makedomskite pravoslavni hristijani, bile izraz na patriotizmot i ljubovta kon sozivot so pravoslavnite makedonci. Vo mnogu kraevi uste se vidlivi zgaristata od zapalenite ambari polni so zito, plevni polni so hrana za stoka.
    Osvrnuvajkai se na seto ova, jas prviot smetav deka pravenje zaednicka drzava so vas siptaite e nenormalna rabota, von sekoja pamet. Vie , kako muslimani ste 700 godini kulturoloski i civilizacijski zad nas pravoslavnite , hristijanite, Nikade vo svetot ne postoi takva besmislena drzava kako sto e makedonija, pa eve i vo Bosna , so muslimanite sakat da se razgranicat hrvatite, a srbite voop0sto i ne ja priznavaat bosna za svoja drzava. da nemate poddrska od belosvetskite hohstarleri, amerikancite i i drugite imperijalisti, vie ste dostojni samo na nas da ni bidete , ovcari , konjusari i drvoseci. Neneormalno e siptar da e minister vo vladata na makedonija, zatoa taka ste dignale glava.

  3. Znaci sakame vo Makedonija da se primenuva parolata –zboruvaj siptarski celiot svet da te razbere.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *