Почетна Верски буквар Небо и земја – нова Божикна честитка

Небо и земја – нова Божикна честитка

383
0

Централната прослава за Бадник пред Божик и оваа година ќе биде на 06.01.2019 на платото пред црквата Свети Димитриј, каде што од 11 часот, над 5000 деца во придружба на своите родители и роднини, ќе дојдат на Божикен концерт и Божикна претстава.

На големата Божикна манифестација ќе дојдат и Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст Тајм, Димитар Андоновски, Љубојна, Златно Славејче, Дејан Лилиќ, Снежана Конеска – Руси и Тинтири минтири шоу, каде сите заедно ќе ги пеат Божикните песни, придружени и со Божикна претстава, а ќе има и Божикни пакетчиња, Бадникови колачиња и  Бадникови чајчиња

Организацијата Бадникови поворики и годинава има специјално изненадување на 4 јануари ќе биде промовиран спотот за Божикната песна “Небо и земја”. Станува збор всушност за Божикна честитка со Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Љубојна, Некст тајм и Златните славејчиња.

Погледнете ексклузивна снимка од снимањето на спотот и изјави на дел од учесниците.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *