Почетна Коментар Неблагодарност
Неблагодарност

Неблагодарност

1.02K
11

„Зашто секому што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној што нема, ќе се одземе и она што го има“ (Матеј 25, 29–30). Ајде да ја разгледаме посебно темата за видот и карактерот на луѓето што „немаат“. Еве што мислам дека ни кажува Господ за таквите луѓе – посебно во Црквата и општо. Чујте го описот на тажната реалност од која сите страдаме.

Страстите, посебно за човечка слава, власт и пари, се тие што прават човекот, нивниот заробеник, сето она што го „има“ да го користи само за свои потреби, а воопшто да не мисли и  да не им помага на оние што немаат и што страдаат, и кои прават сè што ужива и поседува да му изгледа малку. Оној што „нема“ е всушност оној што не Му благодари на Бог за сѐ; оној што нема заедница со Него – иако тврди или изгледа дека верува во Него.

Таква е болната природа на страстите што произлегуваат од самољубието: тие постојано бараат ново и поголемо задоволување, а после секое задоволување оставаат уште поголема потреба и уште поголема празнина во душата и разумот на човекот што ги задоволува. Затоа самољубивиот и покрај амбициозноста и алчноста – никогаш нема да има, а секогаш ќе им завидува на тие што се во Бог и што затоа имаат во Бог, на Бог-атите.

Страстите, кога не се преобразуваат, може само да се потиснуваат една со друга – во зависност од ситуацијата. На пример, понекогаш стравот од човечките закони и судови на тој што „нема“ му ги потиснува амбициозноста и алчноста, а понекогаш – кога не се плаши и мисли дека е сигурен, алчноста и амбициозноста ги остварува на дело. Токму тогаш и остава најмногу гревовни траги што не остануваат незабележани.

Целиот живот на самољубивиот човек се претвора, од една страна, во параноја (сомнеж и страв) – дека некој ќе му ја одземе човечката власт и слава, и стекнатиот имот (ама не сфаќа дека Бог е тој што допушта да му се одземат), а од друга страна, ја користи секоја можност и начин да приграби уште поголема човечка власт и слава, како и поголема имотна сигурност – без оглед дали и колку луѓе ќе страдаат поради тоа. Бесчувствителноста е главен показател за растројството на неговата личност.

Проекцијата, односно препознавањето и припишувањето на своите страсти во другиот, е карактеристика на неговиот однос кон луѓето, и затоа не е способен да создаде личносен однос со ближниот свој, туку само однос заснован на интерес – што трае сѐ додека трае и самиот интерес. Нема способност да препознае дека другиот му помагал без интерес, ниту чувство на благодарност поради тоа. Затоа и не гради вистинско пријателство со никој.

Чудна е леснотијата со која самољубивиот ги изневерува своите „пријатели“ – кога нема веќе да му бидат потребни, кога ќе западнат во неволји што и самиот него го оптоваруваат или кога ќе го надвладее сомнежот кон нив, како и леснотијата со која тој ги уништува своите „непријатели“ – кога ќе стекне над нив реална власт и можност за тоа.Таквото однесување го изместува од центарот на одлучувањето, го маргинализира или го отфрла од заедницата.

Во својата параноја и сомничавост да не изгуби нешто, таквиот не верува никому – ни на оние што во животот му помогнале, а со својата преголема амбициозност за власт го плаши и го дистанцира од себе секој нормален човек. Никој не се потпира на човек што не верува во него и што му врши притисок кон грев. И, вообичаено, на крај нема кој да го спаси од неволјата што со неговиот начин на живот секако го снаоѓа.

Оние што сѐ уште веруваат дека доброто ќе преовладее во него изнаоѓаат најразлични начини благо да му ја пренесат пораката која е, нормално, спротивна на неговите големи идеи и потреби за самиот себе, како и на неговите планови. Затоа често биваат отфрлени, па дури и сметани за непријатели. Самољубивиот човек толку се поистоветува со своите желби и замисли што ако му ги одбиеш, смета дека него го одбиваш и го мразиш.

Но, и добронамерните не се веќе тоа ако јасно и за последен пат не му укажат каде и како греши, кога веќе ги поминува границите на нормалното – особено ако е на голема штета на целата Црква. Исто така, не се добронамерни ако не ја остават својата рака испружена и отворена за помош на таквиот, ако се покае.

naum 1Така, Господ секому му остава знаци и време за покајание (преумување), и потоа одеднаш сè се губи, а на крајот и самото време дарувано за покајание. Господи, помилуј…!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

Коментар(11)

  1. Ко о чему к-ва о поштењу, вл. Наум за неблагодарност…
    Заборава кој го направи владика, кој му издејствува да стане јеромонах во Романската Црква! Тој заборава, ама Господ и народот памтат и ќе остане тоа запамтено и на Страшниот Суд.
    Жалиме што за човек како г. Наум не можеме да запееме: „Ходјај непорочен в пути своја и дјелалј правди! Глагољај истини в сердцем својим!“, оти овој ниту оди непорочен по својот пат, ниту твори правда, а најмалку говори истина во(од) срцето свое!

      1. Јас ПОА-ец? Свашта!
        Да Ви ги тргне лушпите од очите, Христос нашиот Вистински Бог, по молитвите на Пресвета Богородица и на свети Климент!

        1. Судот, Судот препушти му го на Христа, зашто и за тебе/вас некој мери правда.

  2. Она што паднатиот човек обично го заборава е дека само Бог дава, а човекот сам се одрекува од даденото преку гревот. Се` е толку едноставно. А народот видовме со кого е – со оној што се грижи за него, а не за неговите пари.

  3. Да те прашам сега Преспанец (или Прилепчанец или Скопјанец) – според твојата логика, дедото сака да си го убие внукот, а таткото го спасува својот син без да го убие дедото, така и внукот спасен и душата на дедото спасена – каде го гледаш злото во случајов?

    1. Јас на овој сајт се претставив со име и презиме. И од каде потекнувам и каде живеам! Со Прилеп никаква врска немам, освен што се дружам со благочестивите и благоверни прилепчани. Пак ќе Ви се претставам, а потоа чекам и Вие да се претставите. Јас сум Александар Ристевски, по потекло од Преспа, а живеам во Скопје.
      Ако одите со мешање на татковци, дедовци и внуци, не треба да заборавите дека овде таткото, работи против својот татко и сака да го прогласи за неспособен, за да му ја преземе куќата и да го настани таму сина си.
      Да не заборавиме дека во историјата имаме примери на татковци кои си ги казниле своите нечесни синови, па и светци станале. Како на пример цар Борис, кој го соблекол монашкото расо и го поразил својот син – несин кој сакал да го врати паганството во Бугарското Кнежество.

  4. Да поделиш една епархија на две, па својата половина пак да ја поделиш, па да предизвикуваш и поделби во Синодот – сам докажуваш дека си неспособен. Секој епископ има своја епархија и според светите Канони не е дозволено да има две. И секој треба да си работи во својата, посебно ако не направил ништо битно во неа – барем за крај да покаже нешто.

    1. Што да направи во својата епархија? Унијатски храмови? Да донесе егзарх од Рим? Тоа е успехот на некои епископи? Унијатски свештеници да им ги собираат дечињата?
      Место да си ги уништуваат ересите и унијатите во својата епархија, тие се лакомат за други!
      Во Преспанско-пелагониската епархија си има и верници и свештеници и ред и поредок. Унијати нема! Ама во некоја друга епархија да не останат само монахињите и монасите (иако и тие бегаат во светот и глумат некакви си бели монаси)!
      Еден епископ може да биде надлежен архијереј само во една епархија, но може да управува уште со 10000 други епархии како администратор, со сите права и одговорности на епархиски архијереј.
      А за тоа чиј крај се ближи, не мешајте му се во работата на Бога, бидејќи и млади умираат! Дедо Метузалем на пример живееше 969 години. Блаженоупокоениот лерински митрополит Августин живееше 104 години и иако присилно го пензионираа и му ја украдоа епархијата до крајот редовно богослужеше или присуствуваше на светите богослужби, за разлика од некои.

  5. Според светите Канони, еден епископ може да администрира со друга епархија само во период од 3 до 6 месеци и само за да организира избори на друг владика – ништо повеќе. Али ако некој баш сака да управува и со две нека управува, кој му смета, само нека се однесува нормално. Не знам зошто толку гнев и навреди?

    1. Јас се претставив. Дали ќе се претставите и Вие? Сакам да знам со кого комуницирам.

Напиши одговор на Преспанец Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *