Не издржа срце патриотско – Владиката Петар од Тузла: Се чувствувам повеќе со Вас, отколку со мојот верен народ

Date:

Share post:

„И денеска на дело покажавме дека љубовта меѓу нас е присутна тука. Јас се чуствувам, денеска со вас повеќе, отколку со мојот верен народ. Бидејќи тоа се чувствува онака, не во зборовите… по лицата… по душите…. “ Ова се зборови на владиката Петар изкажани вчера за празникот на раѓањето на Светиот Јован Кристител изречени по Богослужбта во Тузла со владиката на СПЦ Фотиј.

Владиката Петар, кој беседи на српски јазик, на почетокот од говорот вели дека никогаш не ги прекинал односите со СПЦ и покрај ситуацијата по 1967 година. Објаснува и како младоста му поминала во Србија и СПЦ и како ученик на српската Богословија, а подоцна и студент на Богословскиот факултет во Белград.

Добар дел од беседата е посветен на неодамнешното прогласување на Стефанида Скадарска за светителка во Битола, но она што за многумина ќе звучи чудно, ако се знаат овде во Македонија, неговите изблици на патриотизам, е неговото изразување во беседата дека се чувствува повеќе со Србите, отколку со својот народ. На едно место вели дека на овој ден требало да служи во манастирот на Јован Претеча во неговата епархија, но дека е овде затоа што го поканил Патријархот Порфириј, првин да сослужува за настраданите Срби во Братунац, а потоа и во Тузла по покана на Владиката Фотиј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...