Почетна Коментар Не! Благодарам, не бевте добра мајка!
Не! Благодарам, не бевте добра мајка!

Не! Благодарам, не бевте добра мајка!

1.45K
9

Во една од годините кога постеше константна неизвесност дали македонската државна делегација ќе го одбележува, или не, 2 август во манастирот Свети Прохор Пчински имав можност лично да го запознаам (на поприлично подолго време) Врањскиот епископ на СПЦ, Пахомије. Таа година не дојде делегација на Македонија во манастирот, но затоа јас бев таму веќе од утрото околу 7 часот. Најљубезно не прими отец Владан Милутиновиќ, сега мислам секретар на епархијата, направивме снимки од манастирот, литургијата што ја водеше Владиката Пахомије… иако не знаеше каде точно се одржало заседанието на АСНОМ, отец Владан беше добар домаќин и се обидуваше да ни раскаже се што знае за тој настан, постојано потенцирајќи ми дека политиката е таа, која еве ова го прави…

По литургијата Владиката Пахомије ме покани во гостинската соба, понуди кафе, слатко… и како што ја пофали, чашка манастирска ракија со незаборавен вкус.. . разменивме малку подолг муабет и веќе бевме на третата чашка од искрено, врхунската ракија… Тогаш го прашав: „Зошто СПЦ не сака да признае автокефалност на МПЦ?“ Се насмеа и ми вели: „Знаете.. автокефалноста на една црква е како растење на едно дрво…Треба убаво да созрее да дава плодови и најважно од тоа дрво да произлезат здрави ластарки за достигнување на возвишеност…“ Не бев трпелив, јазикот ми беше побрз од мислата, па му возвратив со доза на иронија: „Ако судиме по скандалите што ја тресат СПЦ, тогаш тешко дека Вие можете да ни одгледате здрави ластарки…“ Тогаш Пахомије стана сосема друга личност, ја допи ракијата… и последните зборови што го кажа беа: „Напушти го манастирот…“

Заминав, но остана фактот дека СПЦ никогаш немала јасен аргумент зошто не сака да признае реалност на посебност и автокефалност на црква во Македонија… Нема, или пак не сака јавно да го посочи тој аргумент.

И еве сега СПЦ повторно продуцира „љубезност“, најавувајќи наводно обновување на разговорите со МПЦ.

Интересно е да се види како во официјалното соопштение издадено по Соборот на Архиереи, СПЦ се обидува да се претстави себе си како жртва на новата реалност, која во суштина не сака ниту да ја признае, па државите создадени на просторот од нејзината јуриздикција ги нарекува „таканаречениот регион, односно државите настанати на урнатините од поранешна Југославија“, за каде нормално констатира дека постои системски анимозитет и дискриминација кон СПЦ. Но, и покрај се таа, СПЦ, шири љубов кон сите, па и кон МПЦ за која сака, нели да ја извлече од расколот, но никако да признае дека токму таа, СПЦ денес е последниот бастион на големосрпската идеја на Балканот.

Да се вратам на суштината…

Македонската црковна јавност, но и јавноста во Македонија воопшто мора да ја знае суштината, за која мислам дека владиците на МПЦ- ОА недоволно добро и ја имаат сервирано, што честопати доведува до конфузија…

Мора да биде јасно дека македонското црковно прашање мора да биде затворено, но затворено по принципот на автокефалност, што во историски контекст на Православната црква значи културна и национална посебност дефинирана пред се по граници на суверена држава. Иако со ова многумина теолози, а такви има и во МПЦ, нема да се сложат и ќе го оспоруваат, сепак реалноста на источната православна црква, особено во последните два века е дека Соборноста на црквата подразбира единство на држави од кои извираат автокефални православни цркви, особено ако станува збор онаму каде што државите се со доминантно православно население.

И второ многу важно нешто кое мора да се знае е дека печатот за официјалната автокефалност го става Вселенскиот патријарх, во случајов Вартомолеј и тоа на Томос потпишан од него и од никој друг.  Кој и да е патот по кој ќе се стаса до автокефалност, мора да биде печатиран од Вселенската патријаршија и условите кои таа ги пропишува. Така е барем со сите нови автокефални цркви во последните два века.

И каде е сега МПЦ-ОА?

По повеќе од 50 години непризната, но реална автокефалност, минатата година МПЦ-ОА почна историски процес, а Вселенската патријаршија прифати да го разгледува, со што практично отвори апелациски предмет во кој таа треба да донесе конечна одлука за тоа како ќе биде затворено ова црковно прашање, кое речиси 80 години е проблем во формалното функционирање на јуриздикцијата на Српската православна црква, добиена токму од Вселенската Патријаршија во  1922 година. Фактичката состојба е дека од 97 години, колку што СПЦ ги има добиено на управување епархиите од територијата на денешна Македонија, дури 78 години врз нив нема формална и суштинска управа, а тоа претставува децениски проблем на единството на Православната црква. Реално СПЦ на овие простоти има владение од 1922 до 1941 година, кога црковната власт ја презема Бугарската егзархија, а од 1943 почнува процесот на самостојно управување на црквата во Македонија, нешто што и СПЦ го има признаено како реалност од 1958 до 1967 година. Од тогаш до денес, реалноста е дека МПЦ се бори за својата автокефалност, а СПЦ да го врати формалното владение на овие епархии. Во 2002 година направи и обид со создавање паралелна црковна организација преку екс владиката на МПЦ Јован Вранишковски, но во реалност тоа владение никогаш не го врати, а проблемот само доби нови комплицирани размери.

Што тоа реално значи?

Оваа состојба во основа означува дека СПЦ не е способна да управува со своите епархии кои ги има добиено со Томос од Вселенската патријаршија во 1922, а црковните правила историски налагаат дека ако повеќе од 25 години постои реален проблем во владението на јуриздикцијата, со што практично  е нарушено единството на црквата, Вселенската патријаршија ја има улогата на апелационен судија кој треба да најде решение. Така било во сите случаи во историјата, така било и кога СПЦ во 1922 година ги добила епархиите од денешна Македонија, но и некои други од просторот на Балканот.  Овие епархии тогаш, особено по балканските војни, формално биле под јуриздикција на Вселенската патријаршија, а реално ова било простор на битка за влијание меѓу тогашната во раскол Бугарска егзархија и Српската православна црква, но и Вселенската патријаршија. Во таквото тровластие, најголема загуба има Вселенската патријаршија, а најголем подем на наметнување влијание демонстрира СПЦ, затоа што овој простор суштински станува дел од Кралска Србија. Првично освојувањето на црковниот простор, кој во голем дел го контролира Бугарската егзархија, СПЦ го прави со барања до Вселенскиот патријарх за поставување владици по предлог на СПЦ, а во 1920 и со формално барање од српската влада за доделување на овие епархии на СПЦ. Така и се случува.

Но, особено важно е да се знае, зошто? Под кои услови? И со кои аргументи Вселенскиот патријарх го потпишува Томосот за СПЦ. Еве што всушност пишува во тој документ

„+ Милетије

По милост Божја Архиепископ на Цариград, Новиот Рим и Вселенски Патријарх.

Светата Црква уредувајќи и извршувајќи се како што треба, а заради надградување, смета дека и ова е своиствено за доброто уредување и канонскиот поредок, да ги подесува и да ги уредува границите на црковните управи во согласност на политичките промени кои се случуваат, доколку тоа го дозволуваат црковните закони, за да управувањето на црковните работи се врши без потешкотии и со целосходност и за заради поголемата потреба за христоимениот народ.

Според тоа и во поглед на Богоспасување на Кралска Србија со оглед на тоа што таа по сите поранешни балкански војни од 1912 и 1913 и до неодамнешната голема светска војна, е проширена и зголемена и подигната како едно обединето Кралство СХС, по милост и благослов Божји, таа во своите граници себе ги опфаќа епархиите кои до скоро беа под канонска управа на Патријаршискиот Вселенски Престол и тоа митрополиите Скопска, Рашко-призренска, Велешко-дебарска, Пелагониска, Преспанско-охридска и делот на митрополиите Воденска, Епископијата Пољанска, врз основа на Букурешкиот Договор од 10 август 1913 година, Митрополијата Струмичка, врз основа на Нејскиот Договор од 27 ноември 1919 година, а врз основа на Договорот со Австрија потпишан во Сан Жермен од 10 септември 1919 година, Митрополиите во Босна и Херцеговина: Босанска, Херцеговачка, Зворничка и Бањалучко-бихаќка. Покрај ова во границите на обединетото Кралство на СХС влегоа и Автокефалните Православни Цркви: Карловачка и Црногорска, како и две далматински епархии: Задарска и Бококоторска, а со заедничка одлука на претставниците на овие цркви собрани на Собор прогласено е нивно обединување со Српската црква во една автокефална црква под име „Автокефална Обедниета Православна Српска Црква на Кралството СХС“.

Поради тоа наша Христова црква на молба од црквата и владата на Кралството СХС, имајќи ја во предвид канонската и оправданоста на црковното обединување во една целина, оние црковни области кои веќе се политички обединети, заради канонско единство и хармонија во управувањето, според правилата на Отецот, кој вели: „да епископите на секој народ треба да го признаваат првиот меѓусебе и него да го сметаат за глава“ и поради поголеми и општи интереси за обединетите области кои имаат од единство, еднодушна одлука, која е донесена на седница на Светиот Синод под претседателство на Нашата Смиреност, одучено е и потврдено….“ и т.н.

Гледате дека главниот аргумент зошто овие епархии одат под власт на СПЦ е новонастанатата состојба на нивно припаѓање кон друга држава, со други државни граници и особено важно, Вселенскиот патријарх ги отстапува за непречено, нормално функционирање и заради како што вели поголеми и општи интереси. Во овој документ – Томос, што го поседува СПЦ јасно се чита дека политичките граници на државите се и јуриздикциски граници на црквата.

Ништо од ова денес не е иста реалност. Напротив сите прилики се променети, но најважно е дека на овие јуриздикциски простори СПЦ нема никакво владение, а не пак дека се перфектно функционира.

Се ова и Вселенскиот патријарх Вартоломеј прецизно го објасни во интервјуто за српска политика, каде вели дека нема намера да ги менува границите на СПЦ, со што прво јасно става на знаење дека тој го има тоа право, инаку ќе речеше дека нема право да ги менува границите, а не дека нема намера. Но, второ многу важно во тоа интервју е што таа намера, тој ја врзува со две клучни работи. Вели „ако за тоа нема поголема потреба и соодветно барање.“ Потребата е очигледна, а барањето е на неговата маса испратено од МПЦ-ОА пред една година.

Со други зборови, Вартоломеј во моментов ги има сите аргументи на маса, за да биде апелациски судија во овој црковен спор. Дополнително што оди во прилог на МПЦ-ОА и на целиот случај, а што овде јавноста, а и некои владици не можеа да го разберат, е улогата што ја одигра Бугарската Православна Црква и она фамозно барање  на МПЦ за признавање на мајчинство. Малкумина се свесни каква улога одигра БПЦ во овој случај. Иако ефектот ќе беше многу поголем, ако барем некој од владиците на БПЦ одлучеше јавно да сослужи со некој владика од МПЦ, сепак повеќе од доволно беше нејзиното вмешување во овој случај. Со тоа што таа презеде одговорност да формира и комисија за разговори со МПЦ, само ја забетонира неспособноста на СПЦ за управување со овие епархии и го подигна алармот во Фанар дека е време за решавање на случајот. Тоа ќе го прочитате и во соопштението на Вартоломеј наменето за БПЦ, во кое тој ја потсетува Црковна Софија дека таа нема ингеренции и дека решавањето на таквите проблеми и припаѓаат на Вселенската патријаршија.

Но, додека овдешната површна јавност се занимаваше со некакво мајчинство по кое изгубено трага МПЦ, во црковен Белград наголемо светеше црвениот аларм дека и формално се ближи крајот на нивното право за владение врз овие епархии, па во оваа измината година бараа разни начини за спас на ситуацијата, користејќи ја Руската црква, но и служејќи се и со лични дисквалификации на личноста на Вселенскиот. Се ова траеше до моментот кога Рускиот патријарх, Кирил, исто така во интервју за српска „Политика“, не ги приземји потврдувајќи ја можноста Вартоломеј да издаде Томос за автокефална црква и во Македонија и дека тоа е повеќе од реално.

Зошто МПЦ треба да и каже НЕ на СПЦ?

Сето ова многу добро го знаат во Патријаршијата во Белград, а особено добро го знае Вранишковски, кој и покрај се е многу добро информиран, ги разбира сите околности, но истовремено е и лукративен и особено прагматичен и многу добро знае дека овој процес што сега се води пред Вселенската патријаршија и ако заврши со автокефалност во Македонија ќе значи крај за неговата паралелна црква што СПЦ ја инсталираше.

И токму тука треба да се бара причината за оваа сега нова љубезност што преку понуда за разговори доаѓа од СПЦ. Но, намерите не се да се реши проблемот, туку да се блокира процесот кој го води Вселенската  патријаршија.

Играта е многу едноставна, па дури и провидна.

Според планот скован на овој Собор, прво јавно преку некои медиуми, а паралелно и тајно преку одредени политички, но и црковни инсталации на СПЦ во Македонија, треба да се продаде приказната дека СПЦ е подготвена да признае, односно да прифати дека иднината на црквата во Македонија може да се гледа и како автокефална црква, но откако ќе се случи реализација на Нишкиот Договор. Ова сега практично треба да биде втора фаза од тој фамозен Нишки Договор, според кој е формирана и ПОА. Тој план подразбира МПЦ-ОА да се договори со ПОА за некакво обединување на база на прифаќање на јуриздикцијата на СПЦ во форма на широка автономија и потоа таа обединета ПОА и МПЦ да го извести Соборот на СПЦ дека епархиите од Македонија се враќаат во единство со СПЦ, а потоа на Собор, архиереите на СПЦ да ја констатираат новата реалност и за тоа да ги известат останатите помесни православни цркви, пред се Вселенската патријаршија и таа, во консензус со другите православни цркви да го дефинирана идниот статус на оваа црква. И се ова вака замислено за многумина овде ќе прозвучи примамливо, но каде е замката во целата стратегија?

Оваа приказна, преку која МПЦ треба да биде изиграна има две нивоа. Првото е се ова да успее и наместо решение, МПЦ да влезе во еден нов период на неизвесност и враќање на позициите од пред 50 години, процес од кој ќе се изродат нови расколи и поделби на автокефалисти и автономисти, што може да предизвика и сериозни меѓуцрковни конфликти, но ќарот кој СПЦ ќе го има е разбиено црковно ткиво, подложно на манипулации. Тоа реално може да се случи, затоа што целиот тој процес може повторно да трае со години, ако не и децении.

Второто ниво е МПЦ да биде внесена во процесот на нови разговори со СПЦ. Овде е доволно само двете црковни комисии да седнат на заедничка маса и да го отворат дијалогот, кој потоа ќе се одвива во правец кој нема да биде поволен за МПЦ и на тој начин да се лицира вина за неуспех  кај македонските владици. Таква состојба ќе биде од исклучителна важност за СПЦ, затоа што на тој начин ќе добие аргумент пред Вселенската патријаршија, а МПЦ би демонстрирала класична несериозност. Зошто? Едноставно!  Кога веќе сте барале апелациска постапка пред Вселенскиот патријарх и кога тој отворил таков процес, а аргументот претходно ви бил дека СПЦ не е подготвена за решение, и ако во таков случај се вратите на преговарачка маса, тогаш нема што да барате од Вселенскиот патријарх, затоа што тој може да одлучува само ако нема можност за договор меѓу страните кои се во конфликт. На суд се оди кога не можете да се договорите, а не се оди додека разговарате.

Македонските владици пред себе имаат многу кристално чиста ситуација, секако ако се на чисто што сакаат да добијат како краен резултат. Ако целта е да се дојде до автокефалност, адресата е Вселенската патријаршија, а на понудата од СПЦ е доволна само една реченица. Не, благодариме, не бевте добра мајка.

Марјан Николовски

Коментар(9)

  1. Тако ти је кад се еклисиологијом баве комунистички новинари .

    1. Слободан што провоцирате бре ѓубриња едни шовинистички толку ли ве научија тоа окупаторите вашистички и србски!!! Ај бркајте си работа и остајте ја МПЦ на Бога дали ќе ја даде благодата и спасението или не !
      Вие ли сте Православни?Не го сквернете името и не пишувајте само глупости на секоја тема,Папата кој го нарековте Еретик покажа поголема Христијанска љубов од вас Православни браќа од Србија!!!

      1. “Нема више Јудеја ни Јелина, нема више роба ни слободног, нема више мушког ни женског, јер сте сви ви један у Христу Исусу” (Гал. 3,29)
        Драги мој брате Масе,
        за мене као Православног Хришћанина у Цркви не постоје ни Грк, ни Бугарин , ни Србин ,ни Македонац , ни Арбанас него су ми сви исти. Зато мени је несхватљиво да пола века два милиона душа пребива изван Једне Цвете и Апостолске Цркве због етнофилетизма . И то етнофилетизма прво у СПЦ , па онда и код осталих . Чим је Пећка Патријаршија узела име СПЦ скренула у у етнофилетизам , тако исто и Бугари ,и Руси , поготово Румуни , а и код Грка има те јереси доста. То ко је кога окупирао (као да сте до тада били слободни ) то не би на овом сајту . Ово је сајт за вернике и разговарајмо о Цркви . Свако национално делање у Цркви је јерес етнофилетизам тако да не би о томе. А да је папа јеретик рекао је Митрополит Агатангел и ја се слажем .

  2. Bravo brate Marjane, bi bilo dobro ovakvite tekstovi da gi imame prevedeno na drugi jazici. SPC veke go informira pravoslavniot svet za svojata “dobronamernost”.

  3. Марјане, Марјане … Писање је твоје промашено и нецрквено. Потпуно антиканонско и етнофилетистичко. Рекао бих слободно оно је црквенорушилачко. Хоћете да држите у расколу македонски народ својом антицрквеношћу. Бог ће вам судити због тога.

    1. Бог вам ќе ви суди што го држите македонскиот народ во заложништво, ако не застанеше СПЦ властољубиво на патот на МПЦ одамна ќе беше признаена од сите Цркви те. во молитвено единтво иако е тоа формалност македонците не се причестуваат и учествуваат во богослужбите само во поединечни грчки и српски цркви.и сето тоа е резултат не на македонците туку тие што sakaat da vladeat vrz ovaa teritorija и народ
      Колку е тешко фарисејството ваше ги користите маските на каноните за да владеете врз цел народ и земја!!!

  4. Petre, Petre ( igumane),…
    Ajde ti brate, napishi nesto crkovno pa da vidime kolku ke bide “nepromasheno”;
    Marjan sekako kako liberalen novinar ke ti dade prostor na ovoj sajt.
    Ajde , brate Petre , bidi hrabar i daj argumenti za tvojata ocena za necrkovnost na tekstot na Marjan!
    •••

    Ti Petre,Petre (igumane),
    sigurno si pompad pa ne ja znaesh ne samo crkovnata istorija tuku i sekularnata istirija pomegu nasite “bratski” narodi!
    Jesi li ti ikad chuo da je tvoj narod vrshio asimilaciju ?
    Ako makedonskiot narod ne gi prepoznavashe svoite Vladici kako svoi duhovni vodachi, dali dosega ke opstaneshe MPC,takva kakva sto e denes?
    Petre , Petre (igumane),
    nikoj ne moze da drzi nasila narod vo crkva!
    Za promena mozes da se pizanimavash so problemite vo vashiot dvor,ili si i ti od onie koi mislat deka sme Juzhnosrbijanci?
    Pa tokmu tie “crvenokoshulajci” pomognaa najmnogu ovoj narod da se oslobodi od vashata jurisdikcija!

  5. Marjane Bravo. Nema sto da se ocekuva od SPC. Taa stana izmekjar na politikata, no mnogu propusti se napraveni od strana na nasite crkovni vlasti koi predolgo taktiziraa so Vraniskovski i mi dadoa vreme da formira Sinod na negovata POA. MPC najprvin treba da si gi racisti problemite so polosoto cedo PETAR, koj ja rastura MPC-OA odvnatre.

Напиши одговор на игуман Петар (Драгојловић) Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *