Почетна Политичка теологија Научници направија 3D фигура на Исус Христос
Научници направија 3D фигура на Исус Христос

Научници направија 3D фигура на Исус Христос

293
0

Тим на италијански професори и научници креираа 3D копија на Исус служејќи се со Торинското платно.

„Ова статуа е тридимензионален приказ на Човекот од Платното во реална големина, направена според прецизни мерења земени од платното во кое Христовото тело е обвиткао после распнувањето,“ изјави Џулио Фанти, професор по машинство и топлински мерења на универзитетот во Падова, а пренесува Ла Стампа.

Професорот Фанти верува дека статуата го претставува реалниот изглед на Исус Христос.

„Нашите истражувања покажаа дека Исус бил човек со исклучителна убавина. Со долги екстремитети, висок 180 см, додека тогашната просечна висина била 165 см. Исто така имал царски и величествен израз.“

На 3D приказот исто така можат да се видат и раните кои ги добил Христос при својата мака. Професорот Фанти тврди дека платното „брои 370 рани направени со камшикување.“ Притоа не ги броев раните на колковите со оглед на тоа што само што предниот и задниот дел од телото биле замотани со платното. Затоа можеме да ја изнесеме хипотезата за барем 600 удари. Исто така 3D реконструкцијата ни овозможи да откриеме дека во моментот на смртта Човекот од Платното бил навален на десната страна затоа што неговото десно рамо било дислоцирано толку силно што ги оштетило нервите.“

Склуптурата ја направил скулптурот Серџо Родела.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *