Почетна Вести Европа Натпреварувачка муслиманка поради расистички напади го напушти “The Voice”
Натпреварувачка муслиманка поради расистички напади го напушти “The Voice”

Натпреварувачка муслиманка поради расистички напади го напушти “The Voice”

177
0

Дваесеттдвогодишната уметничка од Франција Менел Ибтисем, која учествуваше во музичкото натпреварување „The Voice”, иако привлече големо внимание на жирито и гледачите го напушти натпреварувањето откако поради носење на марама и поддршка на Палестина беше изложена на линч и расистички напади на социјалните мрежи, јавува Anadolu Agency (AA).

Младата муслиманка Ибтисем стекна голема популарност во Франција поради изведувањето на песната „Hallelujah” од Леонардо Кохен, на англиски и арапски јазик, но потоа е изложена на линч на социјалните мрежи.

Ибтисем преку социјалната мрежа Фејсбук објави дека го напушта натпреварувањето, бидејќи, како што истакна, на неа многу влијаеше за случувањата во последните денови.

Компанијата која го организира натпреварувањето „ITV Studios France” соопшти дека ја почитува одлуката на Ибтисем, и наведено е дека тоа е одлука која е донесена со договор. На младата натпреварувачка и посакаа многу среќа во кариерата.

Ибитсем по натпреварувањето одржано минатата сабота е изложена на расистички напади на социјалните мрежи поради носење на марамата и порати тоа што порано ја интерпретираше песната „Насмеј се Палестина”.

Корисниците на социјалните мрежи наведуваат дека на личност со марама во Франција не треба да и биде дозволено учествување на едно такво натпреварување. Бројни корисници на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер протестираа против управата на тв каналот кој го емитува натпреварувањето.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *